Полека но сигурно улицата „Раде Кратовче“ станува тема број еден во општината.
Ако за поставување на нов асфалтен слој беше потребно да помине година дена сега ќе треба жителите од оваа доста фреквентна улица да чекаат месеци за да новиот раководен тим што е поставен во КЈП „Водовод“ – Кочани за одржување на хигиената на улиците во градот се смилува и дојде и ја исчисти улицата.
Жителите со право го поставуваат прашањето дали и во иднина треба да плаќаат за одржување чистотата на нивната улицата.
Новиот раководен тим кој е поставен со промената на власта во општината треба да сфати дека нив не ги плаќа партијата (таа ги поставува) туку дека тие земаат плата од граѓаните на кои тие со чистењето на нивните улици им даваат услуга.
Смет има доста насобрано по самата улица а утре е пазарен ден во Кочани, како ќе изгледа улицата после 15:00 часот може да се претпостави, но трпение да почекаме има помалку од 24 часа можеби најавениот дожд за вечерните часови ќе го измие сиот срам на оние кои треба но не ја чистат улицата.
С. Ивановски