По извлекувањето на натпреварувачките броеви познат е распоредот на натпреварите во Трета Фудбалска Лига – Исток. Дванаесет екипи ќе се натпреваруваат во сезоната 2022/2023 а самиот старт е поместен за една седмица и наместо првичниот датум 04 Септември натпреварите ќе започнат на 11 Септември.
Според имињата на учесниците во лигата за очекување е интересно и неизвесно првенство во кое неколку екипи ќе атакуваат на највисок пласман.
„Жетварите“ првенството ќе го започнат против екипата на „Победа“ (Валандово) како домаќини.
Во првото есенско коло се среќаваат:
„Осогово“ – „Победа“ (В)
„Академија Чешиново-Облешево“ – „Брегалница“ (Д)
„Овче Поле“ – „Спартмани“
„Рудар“ – „Дојранско езеро“
„Карбинци“ – „Малеш“
„Вардарски“ – „Тиверија“
Натпреварите од првото коло се закажани за во 16:00 часот.
С. Ивановски