УЧИЛИШТЕТО РЕАГИРАШЕ, СЕ ЧЕКА ИНФОРМАЦИЈА ОД ПОЛИЦИЈАТА

август 26, 2022
0 минути

Четири дена по вандалското однесување на поединци со пишување графити со непристојна содржина на еден од надворешните ѕидови на спортската сала „Никола Карев“ вработените од училиштето со експресна реакција, графитите веќе не постојат.

Денес вработени од ОУ „Никола Карев“ ги отстранија графитите кои пред четири дена некој ги нацртал на спортската сала.

Од училиштето работата експресно е завршена а сега се очекува соопштение од полицијата па и од Јавното обвинителство доколку е така заведен преметот.

Ако и сега се премолчи и не се откријат имињата на сторителите ваквото недолично однесување ќе продолжи, поединци ќе се изживуваат над заедничките добра а ние сите ќе молчиме се во „интерес“ на демократијата.

Време е жителите на Кочани да ја дознаат вистината.

С. Ивановски