ИМ ГО ЧЕСТИТАА ДЕНОТ НА РУДАРИТЕ СО СЕДУМ ГОЛОВИ ВО МРЕЖАТА

Во Спорт
август 27, 2022
0 минути

Во натпревар како дел од подготовките пред стартот на новото првенство во Трета Фудбалска Лига – Исток, денес на стадионот „Никола Мантов“ во Кочани пред стотина гледачи „Осогово“ и „Рудар“ од Пробиштип одиграа натпревар кој покажа дека формата на „жетварите“ оди во нагорна линија.

Играчите на „Осогово“ со головите на Тоше Манов (3), Јован Дојчинов (1), Љубомир Горгиев (1), Никола Стоиловски (1) и Стефан Голубов (1) го совладаа „Рудар“ со 7:0 (4:0).

До стартот на првенството има уште две седмици, доволно време да тренерите на двете екипи ги отстранат и оние ситни недостатоци кои се појавуваат на натпреварите.

С. Ивановски