Утре (Сабота) се играат натпреварите од 18-тото коло во Втора Фудбалска Лига. „Осогово“ по добрата и ефикасна игра во минатото коло со доза на голем оптимизам патува во Куманово каде ќе гостува на забревтаната екипа на „Башкими“.
Кочанчани без бело знаме патуваат за Куманово и доколку ја повторат борбената и преди се ефикасна игра зошто да не и се реваншираат на екипата на „Башкими“ за есенскиот пораз во Кочани.
Двојки за 18-тото коло:
„Башкими“ – „Осогово“
„Охрид“ – „Победа“
„Тетекс“ – „Беласица“
„Беса“ – „Новаци“
„Пелистер“ – „Каменица Саса“
„Аресими“ – „Детонит Плачковица“
„Скопје“ – „Кожуф“
„Вардар“ (Н) – „Караорман“
Сите натпревари започнуваат во 14 часот.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ