РЕАКЦИЈА НА УРЕДНИКОТ НА ТВ КОЧАНИ ЛД, ПО НАИВНИТЕ И ЗЛОНАМЕРНИ ИНСИНУАЦИИ НА ОО НА СДСМ ЗА СПОТОВИТЕ ЗА ДОБИТНИЦИТЕ НА НАЈВИСОКИТЕ ОПШТИНСКИ ПРИЗНАНИЈА, ЕМИТУВАНИ НА СВЕЧЕНАТА СЕДНИЦА. А ОТИДАТ НА КОКТЕЛ, ПОЧНУВААТ ДА ИМ СЕ ПРИЧИНУВААТ ПРОЕКТИ, ПАРИ…
Почитувани, СДСМ за жал, повторно ја утна! Чуда им се причинуваат на некои во локалното СДСМ, па на последната свечена седница видоа пари во спотовите изработени за добитниците на двете награди, и тоа на контото на ТВ Кочани. А пари на сметката на ТВ Кочани од никој, и од никаде. Од општината па, ИЧ!
Само едно не ми е јасно. Како 4 години не видовте судир на интереси во општината и во Советот, каде советникот и заменик градоначалник Благој Ситновски, изигруваше скриен газдата на Канал 8, каде службеничката за односи со јавноста во општината, Љубинка Ајтовска, му е сопруга на формалниот сопственик на истата телевизија и директор и главен и одговорен уредник Тони Ајтовски. Како тогаш не реагиравте кога вистинскиот сопственик и советник, си ја користеше говорницата пред вас, делеше лекции за телевизии, и кажуваше која колку е добра, и колку пари треба да добие. И во Тангузија нема газдата сам да си гласа и дели пари на својата телевизија.
Како граѓанин и како професионалец, ве советувам, дајте издигнете се малку над провинцијалските оговарања. Подобро замислете се како ги доведовте медиумите во катастрофална ситуација, па „вашата“ телевизија во јавноста остана со еден вработен, на кого, ако не му е помошта од сопругата, тешко дека ќе постигне и издржи да снима, пишува, чита, монтира, и плус да известува за МИА. (Иако, не знам дали и како помага, ако цел ден е на работа во општината, од каде зема солидна плата). Или, како ја принудивте да го напушти новинарството Тањето, најдобрата новинарка во градот и регионот. Како оставивте без егзистенција пет-шест семејства кои вадеа парче леб во медиумите.
Но, вашите советници, наместо да покренеа иницијатива во време на Ковид кризата и пред и потоа, барем еднаш како совет да им помогневте на медиумите, кои со години ви овозможуваат да собирате политички поени кај јавноста, вие се правевте „како да не сте од тука“. Или можеби имавте начини едни да помагате, а други не. Така ли ја делите правдата, „вашата“ телевизија да добива милионски суми од изборните циклуси, а „невашата“ нула, или шест пати помалку – (не заборавајте) народни пари! И да се знае дека општината побара од ТВ Кочани бесплатно да ги направи двата спота бидејќи има опрема, (камери, дрон, архива), и е над трипати погледана според АВМУ (ТВК – 2,22%, Канал 8 – 0,56%).
Заради сето тоа оставете не да се мачиме во борбата да опстанеме, ако не ни помагате, барем не ни одмагајте. Доволно направивте хаос насекаде. Бидејќи кочанчани гледаат дека и како партија и како советници се повеќе се однесувате како да не ви требаат ни медиуми, ни култура, ни спорт, дури ни граѓани. Заслепени и занемени сте пред реалноста дека коалициониот партнер на централно ниво, економски ви (и ни) ја пустоши државата. Да ве потсетам ли дека една телевизија на Албански јазик во Западна Македонија на последните избори „заработила“ 12.000.000 денари, а ние тука очи си вадиме за 200.000 денари. Ама на вашите им е лесно, оти си се вработуваат каде сакаат, плус земаат советнички хонорари колку што новинарите земаат плата.
Туку да ви кажам друга, ептен интересна тема. Л.Д. наскоро ќе оди во пензија, па видете и таму нем нешто …
П.С. Не знам што ќе ви одговорат ВМРО-ДПМНЕ и градоначалникот, ама знам дека вашиот надпартиски, изборите ги загуби од вашите што седеа во советот и си вработуваа… Друга работа е што човекот на функцијата почна да се снаоѓа во четвртата година од мандатот, па му стана потребно ветеното наместо во еден, да треба да го реализира во два мандата, односно да остави друг да мора да го заврши започнатото. И како што гледате, за само десетина месеци, во најголем дел се завршува.
Контрареакција на ТВК
ОО НА СДСМ, ЗА ЖАЛ, ПОВТОРНО ЈА УТНА
Лазо Димитров, сопственик на ТРД „ТВ Кочани ЛД“