СРЕДНОШКОЛКИТЕ ОД КАВАДАРЦИ СО ПРВА ПОБЕДА НА СВЕТСКОТО ПРВЕНСТВО ВО БЕЛГРАД

септември 22, 2022
1 минути

Убав успех за девојчињата од СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ од Кавадарци на Светското Првенство во кошарка за жени кое се одржува во Белград (Република Србија).

По вчерашниот инфаркт натпревар од првото коло кога во финишот на натпреварот незаслужено загубија од соодветната селекција од Грција, денес ученичките на професорот-тренер Тимчо Пецов со добра игра во одбраната и ефикасен напад ја „растурија“ соодветната селекција, претставник на Чиле и ја совладаа со високи 73:44.

Оваа победа несомнено е голем успех не само за СОУ Гимназија „Добри Даскалов“, не само за градот Кавадарци, туку и за Македонија.

Следен противник на кавадаречките средношколки е селекцијата од Тајпеј.

Оваа шанса треба максимално да се искористи, да се совлада утрешниот противник и да се продолжи натпреварувањето. Ваква шанса сега и се случува на Македонија , а следната кога ќе биде ќе треба многу коцки да се сложат за да се состави мозаикот.

Фотографиите се користени од страната: федерација на училишен спорт на Македонијаж

С. Ивановски