Во рамки на кампањата „ЕУ за тебе“, денеска во Хотел „Сити Ин“ – Кочани во периодот од 17 до 20 часот ќе се организира регионалнa информативнa сесиja за Механизмот за граѓанска отпорност на ЕУ.
На настанот организациите ќе бидат информирани за повикот за предлози и подетално ќе бидат презентирани критериумите и насоките за апликантите. За време на сесиjата, организациите ќе имаат можност да поставуваат прашања и да добијат појаснувања за повикот.
Сите заинтересирани треба да го пријават своето учество на info@eu4cr.mk со наведување на локацијата кадешто ќе учествуваат.