ИНСТАЛИРАЊЕ НА МРЕЖА ЗА РАНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА МОНИТОРИНГ НА ЗРАЧЕЊЕ

октомври 12, 2022
1 минути

Европската Унија претставувана од Европската Комисија распиша тендер за набавка и инсталирање на мрежа за рано предупредување за мониторинг на радијација (EWRMN), чија локација на проектот е Белгија.

Со задоволство сакам да истакнам дека во рамките на овој проект, Институтот за јавно здравје на Република Северна Македонија заедно со Центар за јавно здравје Кочани ќе поставува ваква мониторинг станица за следење на нивото на радиоактивност во животната средина во нашиот град .

Договорот се состои во набавка и инсталирање на опрема за поставување на национални мрежи за следење на радијацијата за рано предупредување (EWRMN) во земјите од Западен Балкан. Ова ќе им овозможи на овие земји, во кои спаѓа и нашата, да ја интегрираат мрежата на ЕУ за следење на радиоактивноста на животната средина EURDEP.

Опремата што ќе се испорача ќе овозможува брзо да реагираме на какви било настани настанати со ослободување на радиоактивни материи, со вршење на пребарувања, категоризација и прелиминарна карактеризација на тој радиоактивен материјал.

Ова е од голема значајност и придонес како за граѓаните, така и за одржувањето на животната средина и ми претставува чест и задоволство што нашиот Центар за јавно здравје е дел од ваков проект.

Со почит,

Гоце Серафимов – Директор на ЈЗУ ЦЈЗ Кочани