ПРЕС НА ОО НА СДСМ – ГРАЃАНИТЕ ТРПАТ НАСИЛСТВО И ПРИТИСОЦИ ОД СТАРИТЕ РЕЖИМСКИ СИЛИ

октомври 28, 2021
1 min read

Почитувани сограѓани,
Режимските тортури во Кочани станаа секојдневние. Втора седмица сме сведоци на нарушен мир од ненаситните моќници кои и во Кочани не бираат начини за да вршат силен притисок врз гласачите – само со една цел лично да профитираат.
Повикувајќи се на пратенички имунитет, граѓаните се уценувани,  а полициски службеници вербално се напаѓани! Се демонстрира позиција на моќ, за да може познатите ликови од пред четири години да се вратат на власт! За да им даде сила, Ратко Димитровски дефилира по улиците со Звонко Каширски и сее страв.
До нас секојдневно пристигнуваат поплаки од граѓани кои се вознемирени од ненајавени посети во доцните часови. Тајфата на противкандидатот за градоначалник нуди пари, ветува работни места, а најмногу од сѐ: лаже!
Партискиот штаб на ДПМНЕ во Оризари е преместен на нова локација, во приватна здравствена ординација, која работи и до полноќ како партиско гнездо на актуелниот пратеник и на цела група познати функционери на ДПМНЕ. Од овој оризарски здравствен објект до доцните вечерни часови влегува и излегува „војска“ која  предизборно го малтретира населението во Оризари.
Ги повикуваме надлежните да проверат кој и како врши злоупотребата на личните податоци на пациентите чиј матичен лекар повеќе го интересира политиката од професијата и профитот од Хипократовата заклетва.
Почитувани сограѓани,
Вас кои ве угнетуваат и уценуваат да гласате по нивна волја – не дозволувајте силите на режимското зло да управуваат со вас.
Ништо не може да ја купи слободата зад параванот.
Претходните четири години сите јасно можевте да видите како се развива и како живее Кочани слободно и демократски.
Вие сте мнозинството што ја препозна разликата во локалното управување.
На 31 октомври не плашете се да го изберете бројот 12!
Кочани го има и заслужува да го има најдоброто!

ОО на СДСМ Кочани