48 САНКЦИИ ЗА НЕПРОПИСНО ПАРКИРАЊЕ НА ТЕРИТОРИЈАТА НА КОЧАНИ

октомври 18, 2022
1 min read

Денеска (18.10.2022) во периодот од 11.00 до 15.00 часот на територијата на Кочани спроведена e зајакната контрола за санкционирање на возачи кои непрописно ги паркираат возилата, при што санционирани се 48 возачи.

На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци. Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.

Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

СВР  Штип