Денес најмладите екипи на ГФК „Осогово“ кои настапуваат во Детските лиги истрчаа на теренот во нова опрема, донација од Печатница „Европа’92“ од Кочани.
„Иницијативата на Здружението на граѓани Никола Мантов беше подржана од Влатко Димитровски менаџерот на ова кочанска компанија па денес нашите најмлади екипи кои настапуваат во детските лиги достојно се претставија и извојуваа три победи. Искрена благодарност до донаторот на опремата“ истакнаа од ЗГ Никола Мантов од Кочани.
Инаку најмладите категории на ГФК „Кочани“ денес ги одмерија силите со нивните врсници од „Академија Чешиново-Облешево“ и во сите три категории забележаа победи:
Генерација 2010-2011 4:3
Генерација 2012 4:0
Генерација 2013 10:3
Со добрите игри и овие три победи, најмладите како да сакаа јавно да му изразат благодарност на донаторот.
С. Ивановски