ЗАПОНА ДОДЕЛУВАЊЕТО НА ВАУЧЕРИ ЗА „ЗЕЛЕНА НАФТА“

октомври 27, 2022
1 минути

Денес во просториите  на Подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во Кочани започна доделувањето на ваучерите за „Зелена нафта“ на земјоделците од кочанско.

Повеќе од два илјади земјоделци кои се на просторот на општините Кочани, Чешиново-Облешево и Зрновци ќе ги добијат ваучерите. Ваучерите за „Зелена нафта“ ќе можат да ги подигнат сите земјоделци кои ги имаат платено обврските за воден надомест.

Со добиените ваучери евидентираните 2.021 земјоделец ќе можат да подигнат нафта на бензинските пумпи на „Макпетрол“ заклучно со 30 Април 2023 година.

С. Ивановски