УБАВ ЈУБИЛЕЈ, КОМАРЕЦ ГО ОБЈАВИ 20.000 ТЕКСТ

октомври 27, 2022
0 минути

Велат фалбата била р’ѓа, но без разлика на тоа, ако таа се сподели со читатели за кои изминатите шеснаесет години  бевме и комуњари и војводи и што ли уште не, тогаш како сакате наречете ја. Вие сте тие кои за многу нешта одлучувавте кога е порталот во прашање.

Имено денес објавениот текст со наслов „Октомвриска крводарителска акција во Црвен крст – Кочани“ беше нашиот 20.000 текст, што му се допаѓало некому или не, и не е бројка за потценување.

Продолжуваме ние и понатака, па како и да не нарекуваат бидејќи имаме, а во тоа се повеќепати уверивме постојани читатели кои знаат да го ценат вложениот труд.

Ви благодариме на сите што не подржувавте и што не критикувавте изминатите шеснаесет години. Најважно од се е што бевме заедно и се дружевме без разлика на спротивставените ставови.

Ние продолжуваме и понатака, а Ваше е дали ќе не следите и како ќе не нарекувате.

Со почит до сите Вас, наши читатели.

С.  Ивановски