ООУ „НИКОЛА КАРЕВ“ УЧЕСНИК ВО ПРОЕКТОТ „ДИГИТАЛНО КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО“ НА ЕРАЗМУС+ ПРОГРАМАТА

ноември 14, 2022
1 min read

Почитувани,

ООУ „Никола Карев” Ве известува дека во периодот од 06 до 12 ноември во општина Брацигово – Република Бугарија, се одржа мобилност за проектот од Еразмус + програмата, 2020-1-HR01-KA227-SCH-094766 именуван како „Дигитално културно наследство” кој трае од мај 2021 година, а ќе заврши во април 2023 година.

Оваа средба беше со цел да се презентираат веќе изготвените видеа од страна на наши ученици од деветто одделение поделени во тимови по ликовно образование, музичко образование и географија.

Најдобрите видеа беа изберени од страна на стручна комисија и наградените ученици заедно со нивните наставници патуваа во соседна Бугарија.

Покрај тоа, таму се усовршуваа во уредувањето на видеата и со други современи алатки, а тоа сега ќе го споделуваат и со останатите наши ученици и вработени на кои целата опрема им е на располагање.

Ова е многу важно за нас како училиште, бидејќи токму современата технологија е она кое не води напред во денешно време и ни помага да се модернизираме и усовршуваме. Видеата се работени со камери во 360 степени, а задачата беше да се прикаже културното наследство на сите држави – учесници.

Покрај ООУ „Никола Карев” учествуваат и училишта од Велики Буковец, Хрватска и Бјага, Бугарија и невладини организации од сите три држави.

ООУ „Никола Карев” Кочани