УСПЕШЕН ПРЕДИЗБОРЕН ВИКЕНД ЗА КОШАРКАРИТЕ НА „БАСКЕТ ДИНО“

Во Спорт
ноември 1, 2021
1 минути

Изминатиот викенд беше доста успешен за кошаркарите на „Баскет Дино“ од Кочани.

Тие во рамките на 3-тото коло од Трета Македонска Кошаркарска Лига како домаќини ја совладаа на „Крива Паланка“ со резултат 96:65 (25:16; 21:19; 24:16; 26:14).  Најефикасен играч кај домаќините беше Филипов со 27 поени (погодени 7 тројки), а потоа следуваат: Илиев со 13, Ѕмбов 12, Томевски и Лазаров по 11, Крушарев 9, Романов 5, Николов и Крстов по 4 поени.

Втората победа „Баскет Дино“ ја забележа во рамките на второто коло во М-16 лигата каде ја совладаа екипата на „Баскет Кам“ 109:52 (27:16; 30:13; 19:15; 33:8).

Самиот резултат по четвртини покажува дека домаќините ја имаа доминацијата и ефикасноста за време на целиот натпревар,

Најефикасен на средбата беше Дино Лазарев со постигнати 55 поени (13 тројки) а по него следуваат: Георгиев 18, Манев 15, Крстев 12, Златков 5 и Митев 4.

С. Ивановски