МЛАДИТЕ БОРАЧИ НА „СПАРТАК“ УЧЕСТВУВАА НА МЕЃУНАРОДЕН ТУРНИР ВО БУГАРИЈА

Во Спорт
ноември 26, 2022
0 минути

По повеќе години пауза, денес малата експедиција на младите борачи на БК „Спартак“ од Кочани учествуваа на еден  меѓународен турнир.

Денес во организација на Боречкиот клуб за слободен стил „Пирин“ од Гоце Делчев (Бугарија) беше организиран Меѓународниот турнир во борење „Неврокоп“.

Во конкуренција на голем број борачи од Македонија, Грција, Романија, Турција и Бугарија БК „Спартак“ од Кочани учествуваше со шест натпреварувачи кои на крајот од турнирот освоија две трети места, две пети, а двајца борачи забележаа по една победа и еден пораз.

Даријан Павлев во категоријата до 59 килограми и Павел Темелков во истата категорија се искачија на третото место на пиедесталот, Андреј Соколов, категорија до 47 килограми и Едис Билалов, категорија до 35 килограми завршија како петти, додека Иле Иванов и Филип Ангелов турнирот го завршија со по една победа и еден пораз.

Освен БК “Спартак“ од Македонските клубови учество зедоа и борачите од „Балканец“ и „Шкупи“.

С. Ивановски