ЖФК „КОЧАНИ“ – ПОДГОТОВКИ НА ПОНИКВА

Во Спорт
август 11, 2022
1 минути

Повратникот во Првата Фудбалска Лига за жени, некогашниот Шампион и освојувач на Купот на Македонија ЖФК „Кочани“ со големи амбиции го чека стартот на новото првенство.

Дека ништо не е оставено на случајност потврдува податокот што девојчињата од 08-13 Август ги одработуваат висинските подготовки на „Пониква“.

„Ги имаме сите услови да ги одработиме безпрекорно овие летни подготовки. Сместени сме во прекрасниот хотел Магнолија. Тренираме двапати дневно, од 10 и од 17 часот. Со полни „акумулатори“ потоа продолжување со работа во сала и на теренот на стадионот Никола Мантов. Се надеваме дека ќе имаме успешна сезона за што потврда е желбата и амбициите на овие девојчиња“ изјави Оливер Јовановски – Шеф на стручниот штаб на ЖФК „Кочани“.

Дека амбициите на „жетварките“ се големи во ова првенство потврда се сé позачестените гласини дека клубот планира да ангажира и неколку играчи од други држави.

Дали ова ќе се оствари ќе дознаеме до крајот на овој преоден рок.

С. Ивановски