ПРОДОЛЖУВААТ ГРАДЕШНИТЕ РАБОТИ КАКО ДЕЛ ОД ПРОЕКТОТ „РЕГУЛАЦИЈА НА КОРИТОТО НА ДЕЛ ОД КОЧАНСКА РЕКА“

ноември 3, 2021
1 минути

Продолжуваат градежните работи и уредувањето на речното корито како дел од проектот „Регулација на коритото на дел од Кочанска река“, од последниот  сообрааќаен мост кон „Бвчалук“ во должина од 451 метар.

Проектот опфаќа изградба на кејски ѕидови на дел од коритото, пешачки патеки во и надвор од речното корито, бетонски скали, осветлуваање и урбана опрема.

За реализација на комплетниот проект Светска банка на Општина Кочани и додели грант во висина од 10.614.838,00 денари, а Општина Кочани кофинансира 3.800.000,00 денари.

Изведувач на работите е Здружено вложување – „АТП“ од Свети Николе и „Промонтинг“ од Скопје.

С. Ивановски