ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА АСФАЛТИРАЊЕ НА ДЕЛ ОД УЛИЦАТА „РАДЕ КРАТОВЧЕ“

јули 11, 2022
0 минути

Од утре ќе се асфалтира дел од улицата „Раде Кратовче“, односно делот на улицата од ОУ „Раде Кратовче“ до раскрсницата кадешто се спојува со улица „Питу Гули“. Асфалтирањето ќе опфати крак од ул.„Питу Гули“ и крак од ул.„Коста Рацин“.

Во интерес на безбедно и брзо завршување на градежните работи потребно е возилата да не се паркираат на наведените улици, да се почитува сообраќајната сигнализација за времен режим на сообраќајот, намалена брзина на движење и зголемено внимание од страна на сите учесници во сообраќајот.

Општина  Кочани