СДСМ ГИ ПОВЛЕЧЕ ПРИГОВОРИТЕ ДОСТАВЕНИ ДО ДИК

ноември 3, 2021
0 минути

Поднесените приговори до ДИК од страна на СДСМ и Коалицијата „Најдоброто за мојата општина“ денес се и официјално повлечени.

Со повлекувањето на приговорите за евентуални нерегуларности во вториот круг од „Локалните избори 2021“ во три изборни единици во Кочани се одвара пат набргу за објавување на конечни резултати според кои предноста на Љупчо Папазов од 16 гласови разлика се покажа како решавачка со што Папазов и официјално ќе биде именуван за нов градоначалник на Општина Кочани.

Според резултатите од вториот круг избори за градоначалник во Општина Кочани Љупчо Папазов од ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата  освои 8.697 гласови (48,29%) наспроти кандидатот од СДСМ и Коалицијата „Најдоброто за мојата општина“ Николчо Илијев за кого гласаа 8.681 (48,20%).

По повлекувањето на приговорите се чека Општинската Изборна Комисија да ги потврди конечните резултати.

С. Ивановски