СТАНАРИТЕ БАРААТ ОПШТИНАТА ДА СИ ГИ ЗАВРШИ ОБВРСКИТЕ

декември 1, 2022
1 минути

По повеќе од една година никој не сака да им го реши проблемот на станарите од Зградата позади „Тутунска банка“ и „Сетек“, а се работи за простор од 20-30 м².

Минатата година кога се асфалтираше овој потег местото било оставено какво што е до денес со образложение што тој дел не бил влезен во планот за асфалтирање. Оваа година до новото раководство во општината поднеле барање потпишано од шеесетина станари, уредно заверено во едношалтерскиот и толку.

А се соочуваат со проблем кој некој им го наметнал. Имено, за да влезат во гаражите мораат да минуваат на тој дел од теренот кој воопшти не е рамен и честопати доаѓа до оштетување на возилата, а за да иронијата биде поголема ниту тревата не се коси а покрај неа минуваат дечиња без да претпостават што замки се кријат во неа.

Станарите не сакаат ништо повеќе и затоа апелираат до Локалната самоуправа да им излезе во пресрет, да се асфалтира ова мало парче руина за да не се внесува веќе кал и прашина во влезовите и становите.

Веруваат дека просторот од 20-30 м² не е голем за да не им се излезе во пресрет.

С.  Ивановски