Како што не информираат наши сограѓани кои живеат на улицата „Д-р Николиќ“ денес во попладневните часови помала група на млади момчиња оделе по куќите претежно онаму каде има повозрасни лица и ги информирале дека еве за некоја минута треба да им стигнат дрва за огрев кои ги нарачале и кои мора да ги платат пред да се истовараат.
Доколку добиле негативен одговор околу наводната нарачка на дрва си заминувале, но имало и такви кои им рекле дека ќе платат штом камионот ќе пристигне.
По ваквите одговори групата пополека заминувала. И така кај неколку семејства.
Дека е само оваа група на лажни продавачи на огревно дрво не веруваат оние кои имале искуства претходните години па нема да чуди и годинава доколку во следните денови оние што ќе наседнат да поднесуваат пријави во Полициската станица.
Целта е да се споделат ваквите информации, населението да биде запознаено но и внимателно за да утре веќе не биде доцна.
С. Ивановски