Во организација на Боречката Федерација на Северна Македонија денес во Скопје во Општина Чаир се одржа „Изборот на најдобрите спортисти, клубови и спортски работници за 2022“.
Во категоријата „Најдобар спортист – борач до 23 години“ сосема заслужено признанието му припадна на Столе Ефтимов кој во однос на своите конкуренти Реџеп Хајдари, Увејс Фејзулаху, Стефан Димитров и Арсим Беќировски имаше убедливо најдобри резултати во годината на заминување.
Во конкуренцијата „Најдобар клуб за 2022“ првото место му припадна на Боречкиот Клуб „Лирија“ од Скопје, пред БК „Балканец“ – Штип и БК „Бучим“ – Радовиш..
Искрени честитки за сите добитници а посебно за нашиот сограѓанин Столе Ефтимов.
С. Ивановски