„ЕКО ПРОЕКТ – КО“ ДОНИРАШЕ 210 НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА ЗА УЧЕНИЦИТЕ ОД ОУ „СИНИША СТОИЛОВ“ ВО ЗРНОВЦИ

декември 19, 2022
1 минути

Компанијата „Еко Проект – КО“ – Кочани во текот на денешниот ден зарадува многу дечиња.

Освен подарените новогодишни пакетчиња за учениците од прво одделение во ПУ „Св. Кирил и Методиј“ во село Горни Подлог денеска насмевки и радости им подарија и на учениците од ОУ „Синиша Стоилов“ во Зрновци.

Компанијата „Еко Проект КО“ денес во училиштето во Зрновци донираше 210 новогодишни пакетчиња.

Ова не е прв пат вакви и слични донации Компанијата да донира во  училиштата од општините Кочани, Зрновци и Чешиново-Облешево, напротив, вакви донации ги има многу кои се доделуваа години наназад.

Гестот на менаџерскиот тим на „Еко Проект – КО“ е за почитување и добро би било кога и некои други компании го следат нивниот пример.

С. Ивановски