СОБРАНИТЕ СРЕДСТВА ОД ХУМАНИТАРНАТА АКЦИЈА ОРГАНИЗИРАНА ОД ООУ „НИКОЛА КАРЕВ“ УПЛАТЕНИ НА ВИСТИНСКАТА АДРЕСА

декември 23, 2022
0 min read

Собраните  средства од хуманитарната акција „Меѓународниот ден на солидарноста“ и од „Новогодишниот базар“ организирани од ООУ „Никола карев“ – Кочани и ПУ од село Тркање денес беа уплатени на вистинската адреса.

„Денес ги уплативме средствата кои ги собравме од спроведената хуманитарна акција за ,,меѓународниот ден на солидарноста”. Средствата се уплатени на ученик од нашето училиште и неговото семејство на кои им се потребни, со цел да им овозможиме покомфорно да си ги празнуваат ,,Новогодишните” и ,,Божиќните” празници. Собрани се 21.810 денари од оваа хуманитарна акција и ,,Новогодишниот пазар” од подрачното училиште С.Тркање. Од се срце сакам да им се заблагодарам на сите вработени при ООУ,,Никола Карев” што покажаа хуманост и ја подржаа оваа акција. ООУ,,Никола Карев” покажа дека е училиште кое е хумано и подготвено да помогне за секого каде сме во можност“ информираа од  ООУ ,,Никола Карев”