ПРИТВОР ЗА ЛИЦА ОД КОЧАНИ МЕЃУ КОИ И МАЛОЛЕТНИЦИ ПОРАДИ КОРИСТЕЊЕ НА ХЕРОИН

февруари 14, 2023
0 min read

Денеска (14.02.2023), по преземени мерки и активности, полициски службеници од ОВР Кочани ги лишиле од слобода С.М.(32), С.А.(22) и двајца малолетници, сите од Кочани. Имено, околу 01.30 часот двајцата малолетници биле затекнати во домот на С.М. и тројцата заедно користеле хероин. Притоа, кај едниот малолетник биле пронајдени повеќе предмети кои потекнуваат од тешки кражби во куќи, кои ги сторил на подрачјето на Кочани, додека кај другиот малолетник бил пронајден хероин, кој го купил претходниот ден од С.А.. Подоцна, со судска наредба, бил извршен претрес во домот на С.А. и во близина на оградата во дворот, биле пронајдени и одземени повеќе пакувања хероин подготвен за продажба. Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случаите, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Дневен билтен на МВР

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ