Почитувана јавност,
откако бев јавно прозван со ”’демант” (не знам по кој основ) од општината Чешиново-Облешево сакам да ве известам како точно стојат работите и тие ке бидат објаснети по ред за сите точки по кои сум спомнат!
1.Лицето Влатко Коцев нема вршено никаков притисок врз советници, администрација и градоначалник, лицето Влатко Коцев има доставувано барање до совет на општината и барање поддршка од советниците (никаков притисок) и секогаш имавме јавна поддршка од советот но на чуден начин на деновите кога беа советите, истите се предомислуваа и гласаа воздржано! 2.Здружението било направено од моето блиско семејство! За да се избегнат голем број административни обврски најголем број од Здруженијата во Македонија се прават во потесен круг на семејството, ова законот го дозволува.
3.Здруженијата се непрофитни организации и зависат од спонзорства, да така е! Но самото здружение има цели и задачи-едукација и правилен развој на децата, социјална дружба, насочување на прав пат на децата, одрекување од пороци и слично. Клубот е создаден по идеја на Влатко Коцев и Влатко Заов, поранешни фудбалери кои потекнуваат од општина Чешиново-Облешево и во минатото имаше многу талентирани фудбалери од нашата општина, целта ни беше, е, и ке биде од децата да направиме подобри личности и со тек на време дај Боже и идни професионални фудбалери.
4.Бесплатно користење на игралиштето-ова е веројатно најголемиот проект на некоја општина во Македонија, за секоја пофалба замислете, бесплатно! Скоро во никоја општина не се наплака користење на општинските (државни) игралишта кога се работи за дечиња! Спортска сала бесплатно-е за ова имам уплатници од банка дека ја плакаме салата. Благодарност до јавното комунално претпријатие затоа што секогаш беше достапно и беше ставено целосно во функција за нашите потреби.
5.Одобрени 8000 денари за стативи-стативите не ги поседува ФК Академија Чешиново-Облешево,тие остануваат за сите грагани на општината+имаме направено (донирано од Тинг Инокс) уште еден пар стативи!
6.Овде е најголем проблем, 40000 денари кои се освоени на Илинденските игри со клубот ФК Теранци, и истите се награда и поделена на играчите од турнирот и тие се наведени во финансиска помош за самиот клуб. Играчите од турнирот и трета лига исток не се исти.
7.Изгласани 60000 денари во вид на нафта за превоз на дечињата од сите села за тренинзите-единствен проблем во нашата општина се јави околу превозот,децата немаа со што да дојдат на тренинг и ние за таа намена инвестиравме 8000 евра во комбе за превоз и за да не удриме по џебот на дечињата ние побаравме од вас помош во вид на нафта, на претпоследниот совет со доза на иронија нашето барање за 2023 е одбиено! До што доведе ова-откажување на голем број на од дечињата. Градоначалникот и советот се бирани од граганите и треба да бидат во служба на нив.
8.Врз основ на нашите барања за проект трета лига исток на нашите доставени фактури од 250000 денари, вие одобривте 180000 денари.
9.Општина Чешиново-Облешево е со блокирана сметка и тоа го знаеме и секогаш одевме со најскромни барања!За една сезона со овој систем на натпреварување се потребни околу 600000 денари.
10.Единствена општина во Македонија што нема програма за спорт e општина Чешиново-Облешево.
11.Затоа што мојата фамилија е спомната,затоа што Влатко Коцев е спомнат дека правел притисок врз советници и администрација, затоа што не е точно дека не ја плакаме салата, затоа што не е точно дека на клубот му се дадени 40000 денари помош (освоено со многу пот на турнирот), затоа што на лицето Влатко Коцев му беа нарушени личниот углед и беше малтретиран од дел од администрацијата цели 6 месеци, бара јавно извинување од општина Чешиново-Облешево (не верувам дека ДЕМАНТОТ е напишан од Градоначалникот), туку таа личност што се дрзнала да ги напише овие работи треба добро да го разбира ПРАВОТО! Доколку нема извинување секако следува тужба за гореспоменатите невистини.
Со почит – Влатко Коцев
Претседател на ФК Академија Чешиново-Облешево
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ