ТРЕТА ФУДБАЛСКА ЛИГА – ИСТОК ПРОДОЛЖУВА СО ДВЕ ЕКИПИ ПОМАЛКУ?

Во Спорт
март 2, 2023
1 минути

Во Недела на програмата се натпреварите 12-тото коло во Трета Фудбалска Лига – Исток. Но како што стојат работите пролетниот дел ќе се одигра со две екипи помалку отколку што беа во изминатите единаесет кола.

Од седиштето на Трета Фудбалска Лига – Исток ни потврдија дека екипата на „Победа“ од Валандово поради лошата финансиска состојба писмено веќе го откажала натпреварувањето а истото е да го стори и екипата на „Брегалница сениори“ од Делчево која никако да ги обезбеди потребните финансиски средства за несметано да го продолжи натпреварувањето.

Но до почетокот на пролетниот дел од првенството има уште три дена па можни се секакви пресврти, но ако остане на сила дека овие две екипи нема да продолжат тогаш во Недела екипите на „Осогово“ и „Академија Чешиново-Облешево“ ќе бидат слободни а наместо предвидените шест, ќе се одиграат само четири натпревара.

С.  Ивановски