„ОСОГОВО“ СОВЛАДАНО И ПОНИЖЕНО ВО ОХРИД

Во Спорт
март 9, 2024
1 минути

Уште што треба да се случи па да некој си го стави прстот на челото и да слезе во соблекувалната за да го праша комплетниот Стручен штаб и играчкиот кадар, дали случајно знаат чиј светол дрес носат или пак ним им е важно само да истрчаат на теренот, да чекаат први во месецот а кои резултати ќе ги постигнат воопшто не е важно.

Вака отприлика би требало да се размислува по денешното понижување на „Осогово“ во Охрид. „Жетварите“ претрпеа висок пораз од 0;5 што уште повеќе ги  зацврсти на дното на табелата и остануваат во грчевитата борба за зачувување на второлигашкиот статус.

Денес во Охрид во рамките на 20-тото коло од Втора Фудбалска Лига истоимениот клуб беше  подобар партнер од слабата екипа на „Осогово“ и  со головите на Емил Скоко 27’, Дамјан Масевски 41’63’, Филип Димоски 53’ и Самед Кадриоски 76’ сосема  заслужено славеше со 5:0 (2:0).

Ова е тежок пораз за кочанчани ако се знае дека „Каменица Саса“ со пресврт дојде до три бода во Тетово, но и олеснителна околност бидејќи Победа не победи, а Караорман загуби.

Шанси значи постојат но со ваква поставена игра и со ваков приод на играчите тешко, многу тешко.

Резултати од 20-тото коло:

„Охрид“ – „Осогово“5:0

„Победа“ – „Беласица“  0:0

„Башкими“ – „Новаци“  1:0

„Тетекс“ – „Каменица Саса“  1:3

„Беса“ – „Детонит Плачковица“  0:0

„Пелистер“ – „Кожуф“  1:0

„Аресими“ – „Караорман“  3:0

„Скопје“ – „Вардар“ (Н)  1:0

Во следното коло „Осогово“ гостува на „Беласица“ во Струмица.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ