Во опожарена куќа во населбата Оризари едно лице го загубило животот.
Територијалната Противпожарна Единица денес во 09:52 часот добила дојава за опожарена куќа во населбата Оризари. Интервенирано е со 2 возила и 3 пожарникари, но како постоела опасност пожарот да се прошири и на околните куќи на помош се повикани уште 1 возило и 2 пожарникари.
При интервенцијата на гаснење на пожарот било забележано лице во куќата кое не давало знаци за живот.
Повикана е Итна медицинска помош а увид на местото на настанот направиле полициски екипи од ОВР Кочани и и Јавен обвинител.
Пожарот е целосно изгаснат во 11:45 часот.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ