Во неделата со одигрувањето на четирите натпревари се спушти завесата во годинешното првенство во Втора Фудбалска Лига за жени.
Екипата на „Кочани“ со 13 победи и само еден нерешен резултат и освоени 40 бодови е Шампион во лигата и од наредната сезона ќе се натпреварува во Првата Фудбалска Лига за жени.
Гол разликата е импресивна, на 14 натпревари „Кочани“ постигна 96 погодоци а прими само 08.
Најдобар стрелец во лигата е играчот на „Кочани“ Афродита Салихи која постигна повеќе од половината погодоци, односно со 53 (просек по 3,79) постигнати погодоци убедливо ја понесе титулата „Најдобар стрелец“.
На листата на најдобрите стрелци зад Салихи следуваат: Теодора Јанковска 30 (Вардар), Ангела Стојковска 23 (Кочани), Марија Јулчовска 18 (Билјанини извори), Јована Ѓорѓиоска Блажевска 14 (Порече) и Викторија Стојаноска (Билјанини извори) 14.
До почетокот на следното првенство останува долг период во кој тренерот на екипата Оливер Јовановски ќе треба со одговорните луѓе на клубот да седне на маса, да го образложи својот план па потоа да се размислува со каков состав ќе се игра во најелитното женско фудбалско натпреварување.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ