АФРОДИТА САЛИХИ, ФУДБАЛСКАТА „ГОЛ МАШИНА“

Во Спорт
ноември 26, 2024
1 минути

Некогашниот Шампион и двократен освојувач на Фудбалскиот Куп на Македонија ЖФК „Кочани“, по една сезона во второлигашкото  друштво решена е експресно  да се врази во Првата Фудбалска Лига за жени.

За таа цел на подмладениот состав на кочанчанки пред стартот на годинешното првенство се приклучија три искусни играчи кои во есенскиот дел од првенството го понесоа главниот терет.

По седумте одиграни кола ЖФК „Кочани“ е на првото место со стопостотен учинок од 21 освоен бод и импресивна гол-разлика 61:04 (+57) што е сепак гаранција дека годинешниот есенски шампион ќе остане на таа позиција и на крајот на првенството.

Како што ЖФК „Кочани“ е на првото место во екипна конкуренција, така и Афродита Салихи е водечка на ранг-листата на стрелци во првенството. Имено, Салихи потврди дека и понатаму го држи епитетот Македонска фудбалска „гол машина“. Таа во есенскиот дел од првенството постигна вкупно 36 погодоци што е повеќе од половината што „жетварките“ ги постигнаа, веднаш по Салихи со најмногу постигнати погодоци е Стојковска 14, за да понатака следуваат: Милеска и Горгиева по 3, Велкова 2 и Манасиева 1, а преостанатите два погодока се авто-голови.

До пролетниот дел на првенството остануваат повеќе од три месеци по чие завршување ќе можеме да видиме колку Салихи погодоци вкупно ќе постигне и дали тој рекорд во блиска иднина ќе може некој да го собори.

До пролетниот дел на првенството потребно е сепак сите малку и да се одморат.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ