АКАДЕМИЈАТА ЗА РОБОТИКА И ИНОВАЦИИ ОБЕЗБЕДИ ДОНАЦИИ ЗА ТРИ КОЧАНСКИ УЧИЛИШТА

декември 11, 2024
1 минути

На 10 декември во ООУ „Свети Кирил и Методиј“ во Кочани, Академијата за роботика и иновации додели донации на три кочански училишта.

Основните училишта „Свети Кирил и Методиј“ и „Никола Карев“ и СОУ „Гошо Викентиев“ добија модели од најновата генерација лего-роботи, како обезбедено спонзорство од корпорацијата Бехтел.

На училишната церемонија беше истакната континуираната потреба од млади инженери, чија професионална ориентација е  неопходно да биде потпомогната уште во образовните почетоци, со конкретни материјали за работа, какви што се и донираните.

Соработката на Општина Кочани со Академијата за роботика и иновации се заснова на потпишаниот Меморандум за соработка, којшто ја одразува заедничката визија за иднината на младите, за креативно и иновативно општество во коешто тие се двигатели на позитивни промени и економски раст.

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ