АКТУЕЛНИ ГРАДЕЖНИ АКТИВНОСТИ ВО КОЧАНИ

октомври 8, 2025
0 минути

Со средства од општинскиот буџет, според планираните активности од Програмата за уредување на градежното земјиште, во тек се бетонирање на пристапни улици, уредување на пешачки површини и изградба на потпорни ѕидови.

Според стручните служби, бетонирани се делови од улиците „1 Мај“, „Вера Попова“, „Крум Вранински“ и крак 1 и крак 2 од улицата „Стамен Манов“, на потези коишто беа во лоша состојба што го отежнуваше движењето и на пешаците и на возилата.

Бетониран е дел и кај Градскиот пазар, на ул. „Гоце Делчев“, како и крак од улицата „Герасим Спасов“ во Оризари.

Уредени се тротоарите на улиците „Борис Трајковски“, „Сремска“ и „Бел камен“.

Потпорни ѕидови се изградени на улиците „Гроздан Трифунов“ во Кочани и на „Ефтим Симеонов“ и „Новопланирана“ во Оризари.

Во тек се градежни активности за пробивање и тампонирање на улицата „Кирил и Методи“ и на три крака на улицата „Стамен Манов“ во Кочани.

Наредниов период ќе се работи на крпење на ударните дупки на сообраќајниците во Кочани. Општинските служби информираат дека јавната набавка е во тек и се очекува да заврши за десетина дена.

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ