ОДБЕЛЕЖАН 24 МАЈ – ДЕНОТ НА СЕСЛОВЕНСКИТЕ ПРОСВЕТИТЕЛИ

мај 24, 2024
1 минути

Со свечена програма, синоќа ООУ „Свети Кирил и Методиј“ го одбележа патрониот празник.

На многубројната публика ѝ се обрати в. д. директорката Христина Симова Јовановска, а во словото посветено на сесловенските браќа, беше истакнато нивното огромно значење за македонската писменост и култура.

Присутните ги поздравија настапите на учениците во училишниот хор, драматизацијата и музичко-ритмичките точки.

На свеченоста по повод патрониот празник беше прогласена првенката на генерацијата Јована Карова, а пофалена беше ученичката Тамара Атанасова.

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ