Денеска, Амбасадорот на Република Франција во Република Северна Македонија, Н.Е. Сирил Бомгартнер беше во официјална посета на Општина Кочани, каде што оствари средба со Градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов.
Градоначалникот Љупчо Папазов ги претстави локалните економски капацитети, културни и природни богатства, туризмот како стратешки правец за развој, како и образовните ресурси во Кочани.
Се разговараше за можностите за нови проекти и напредок на општината. Во склоп на денешната посета, Амбасадорот Бомгартнер го посети и СОУ „Љупчо Сантов“ во Кочани.
Општина Кочани
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ