АНДРЕЈ ЛАЗАРОВ ПРОДОЛЖУВА ВО ПРВАТА ХРВАТСКА ЛИГА, ПОТПИША ЗА „ГОРИЦА“

Во Спорт
јануари 26, 2024
1 минути

Играчот за врска Андреј Лазаров е нов член на фудбалскиот клуб „Горица“, член на Првата Хрватска Лига, (ХНЛ) со што го продолжи својот престој во хрватскиот фудбал.

Лазаров потпиша на 1,5 година со право договорот да биде продолжен за уште една година.

Инаку „Горица“ моментно е на 5-тото место со освоени 27 бода по одиграните 19 кола.

Да потсетиме дека Андреј Лазаров оваа сезона мошне добро  ја започна во прволигашот „Рудеш“, во воведните натпревари постигна и погодок против „Осијек“ но кризата што го зафати  клубот беше причината да ги побара документите и како слободен играч да бара нов клуб.

Епа среќно Андреј Лазаров во новата средина.

С. Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ