АНЃЕЛА СОКОЛОВА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА РОТАРИ КЛУБ КОЧАНИ-ВИНИЦА

јуни 18, 2024
1 минути

На 16.06.2024 година во прекрасниот амбиент на летната тераса на Хотел „Слив“,Ротари Клуб Кочани-Виница го одржа последниот состанок во Ротаријанска 2023-2024 година , кој се одвиваше во фамилијарна атмосфера со присуство на членови на семејствата.

Состанокот започна со презентација на претседателот Зафир наков  за активностите, настаните и реализираните проекти за ротаријанска 2023-2024 год.

Потоа претседателот им се заблагодари на сите членови на Ротари Клубот за нивната активност , а и додели благодарници на Тоше Манев, Владимир павлов и Сашко Андонов, за особен придонес во работата на клубот.

Следеа честитки и доделување на Ротаријански значки на четири нови членови во Клубот и на членовите од Берово.

На крајот претседателот за ротаријанска 2023-2024 год. ја предаде инсигнијата на претседателката за 2024-2025 година Анѓела Соколова на која и честитаме и посакуваме успешна ротаријанска година.

Средбата продолжи во весела и пријатна атмосфера .

Ротари Клуб Кочани-Виница

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ