КРСТОТ ВО РАЦЕТЕ НА АЛЕКСАНДАР ЈАНКОВ

јануари 19, 2024
0 минути

Триесет и три годишниот Александар Јанков беше најбрзиот и најсреќниот од 31 пријавени верници кои денес се фрлија во водите на „Кочанска Река“ за годинешниот голем православен празник „Водици“ или „Богојавление“.

Во присуство на повеќе илјади верници кои се собраа на кејот на „Кочанска река“ крстот  во водите  го фрли Митрополитот Брегалнички, Господин Иларион.

Пред свеченото одбележување на „Водици“ во православниот храм „Свети Великомаченик Георгиј“ пред голем број на верници се одржа свечена божествена литургија. По завршувањето на литургијата свештениците од храмот заедно со верниците со свечена литија се упатија кон мостот кај „Паркот на Револуцијата“ каде што се одржа водосветот и каде што свечено беше одбележан празникот „Водици“.

На Александар Јанков на кого ова му е втор пат како го фаќа светиот крст  од Храмот „Св. Великомачен Георгиј“ му подарија „Библија“, а додека Градоначалникот како претставник на Локалната Самоуправа на Општина Кочани му врачи златник.

С. Ивановски