ТРИБИНА: „РОМИТЕ ВО КОЧАНИ ДЕНЕС“
Во рамките на програмата на Општина Кочани за одбележување на Меѓународниот ден на Ромите, денеска во салата на Мултикултурниот центар се одржа трибина на темата „Ромите во Кочани денес“. Трибината, со свое излагање за реализираните активности за ромската заедница во Кочани, ја отвори градоначалникот Љупчо Папазов, кој говореше за општинските мерки и активности во повеќе…
ВО НЕДЕЛА РОТАРИ КЛУБ КОЧАНИ-ВИНИЦА ПО ТРЕТ ПАТ ОРГАНИЗИРА ТРКА НИЗ УЛИЦИТЕ НА КОЧАНИ
Во Недела (14.04.2024 година) под мотото „Да креираме надеж“ во организација на „Ротари Клуб Кочани-Виница“ а со поддршка на Општина Кочани, како и на поголем број спонзори низ улиците на Кочани ќе се одржа третата „Rotary run“ трка. По тој повод денес Претседателот на Ротари Клуб Кочани-Виница Зафир Наков одржа прес конференција на која што…
ВТОРА ФУДБАЛСКА ЛИГА, ШЕСТ ЕКИПИ СТРАВУВААТ ЗА ВТОРОЛИГАШКИОТ СТАТУС
До завршување на годинешното првенство во Втора Фудбалска Лига остануваат да се одиграат уште седум кола во кои шест екипи стравуваат за второлигашкиот статус. Интересно е што според распоредот по се изгледа нема да бидат доволни победите на домашен терен туку 3-4 бода од страна колку толку ќе им дадат некаква надеж. Еве го распоредот…
ЌЕ СТАНЕ ЛИ ГРАДСКАТА ДЕПОНИЈА ВО КОЧАНИ РЕГИОНАЛНА?
Жителите на Кочани веќе три дена мака мачат со чадот што се шири од запалената Градска депонија. Од КЈП „Водовод“ како што не информираат прават напори депонијата да ја стават во мирување, но и покрај тоа што механизацијата континуирано ја покрива со земја таа уште не е потполно згасната. Но по се изгледа дека депонијата…
ПЕШАЧЕЊЕТО Е ЗДРАВЈЕ, ВО САБОТА ПРОШЕТКА ОКОЛУ ГРАТЧЕ
В сабота, на 13 април, Општина Кочани во соработка со Клубот за планинарски спортови „Осоговски орел“ од Кочани, под мотото „Пешачењето е здравје“, организира прошетка околу езерото Гратче. Движењето ќе биде во група што ќе ја водат членови од КПС „Осоговски орел“, а во активноста можат да се вклучат сите заинтересирани коишто се физички подготвени…
ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ЉУПЧО ПАПАЗОВ СО ЧЕСТИТКА ЗА РАМАЗАН БАЈРАМ
Во пресрет на Рамазан бајрам, градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов упати честитка до граѓаните од исламска вероисповед. – На сите верници од исламска вероисповед им го честитам големиот верски празник Рамазан бајрам. Празникот на братската љубов и на хуманизмот нека нѐ учи сите дека верската различност треба да биде мост за зближување, за подобро…
ПОСЕТА НА НОВАТА ДЕТСКА ГРАДИНКА
При посетата на неколку општини во Источниот Регион, техничкиот министер за труд и социјална политика Ѓоко Велковски во придружба на градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов ја посети и новата детска градинка во населбата Драчевик во Кочани, каде што се одвиваат градежни работи за поправка на настанатите дефекти. Техничкиот министер истакна дека е општ впечатокот…
UPSHIFT ПРЕДИЗВИКОТ ЗА СОУ „ЉУПЧО САНТОВ“ – КОЧАНИ ПОВТОРНО НАГРАДЕН !!!
Со победнички дух СОУ,, Љупчо Сантов,, Кочани, учествуваше на Вториот циклус Bootcamp од програмата на UPSHIFT, сектор ВОЗДУХ, кој се одржа од 4-6 април 2024г во Струга. На истиот учество како финалисти имаа 10 тимови од средните училишта во нашата држава, односно 50 ученици заедно со своите ментори работеа на своите иновативни решенија со кои…
КЈП „ВОДОВОД“ ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА НАСТАНАТ ПОЖАР НА ГРАДСКАТА ДЕПОНИЈА:
Ја известуваме јавноста дека околу 19 часот вчера (недела) е настанат пожар на градската депонија, односно запалена е целата горна површина од депонијата. Просторот кој беше зафатен од пожарот е исполнет со секаков вид на комунален отпад. Во текот на ноќта пожарот од површината на депонијата поради засилениот ветер се прошири и во подножјето на…
ЈЗУ ОПШТА БОЛНИЦА СО ПРОШИРЕНА ДЕЈНОСТ – КОЧАНИ ГО ОДБЕЛЕЖА СВЕТСКИОТ ДЕН НА ЗДРАВЈЕТО
По повод Светскиот ден на здравјето, денес во ЈЗУ Општа болница со проширена дејност – Кочани на свечен начин беа доделени благодарници и признанија на вработени кои заминале во тековната година во пензија, на општествено одговорните комапнии кои дале придонес во болница, како и на крводарители. „Доделувањето беше по повод 7-ми април Светски ден на…