СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО, ЌЕРКА ФИЗИЧКИ ЈА МАЛТРЕТИРАЛА МАЈКА СИ И ЌЕРКА СИ
На 15.07.2026 во 10:00 часот во ОВР Кочани, 75-годишна жена од Кочани пријави дека таа и нејзиниот малолетен внук (син на пријавената) биле физички и психички малтретирани од нејзината ќерка Б.В. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. Соопштение од МВР КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ
„ОСОГОВО“ СТАРТУВАШЕ СО ПОДГОТОВКИТЕ
Во доста изменет состав од минатогодишното првенство екипата на „Осгово“ од Кочани ги започна подготовките за есенскиот дел од првенството во Втората Фудбалска Лига. Како што истакна Шефот на стручниот штаб Крсте Крстев во моментот бројот на заминати играчи од Осогово е поголем од новоангажираните, но до крајот на преодниот рок ќе се направат дополнителни…
ЛИЦЕ ЛИШЕНО ОД СЛОБОДА, ВОЗЕЛ МОТОЦИКЛ БЕЗ ВОЗАЧКА ДОЗВОЛА
На 14.07.2026 во 11,40 часот во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани го лишија од слобода Н.П, ( 49) од Кочани. Полициските службеници на ул.”Тодосија Паунов “ Кочани сопреле мотоцикл со кочански регистарски ознаки, управуван од Н.П , при што било констатирано дека го управувал мотоциклот без да поседува возачка дозвола.По насоки на јавен обвинител…
ПОСЕТИТЕЛИ ОД ИНДИЈА, ГЕРМАНИЈА, ШВАЈЦАРИЈА И АНГЛИЈА ДОЈДОА ВО ВИНИЦА ПОРАДИ „CAFE DE ANATOLIA FESTIVAL“, МАКДОНСКИ БРЕНД КОЈ ЈА ПРЕТВОРИ МУЗИКАТА ВО ПРИКАЗНА
Додека многу фестивали се потпираат на веќе познати светски имиња, Cafe De Anatolia Festival 2026 покажа дека и независен македонски бренд може да создаде меѓународна привлечност и да донесе светска публика во Македонија. Посетители од Индија, Германија, Швајцарија, Англија и други земји специјално допатуваа во Виница за да бидат дел од првото големо издание на…
СЕ ОДРЖА ВТОРАТА РАБОТИЛНИЦА ВО РАМКИТЕ НА ПРОЕКТОТ „Y – REACH“
Денес се одржа втората работилница во рамки на проектот „Y-Reach“, кој се реализира преку програмата Еразмус+ и е насочен кон реинтеграција на млади од социјален ризик. Проектот се спроведува во партнерство со организации од Франција и Бугарија, а младинските работници од Општина Кочани и невладината организација АВЕНА ги презентираа трите проектни идеи пред околу 40…
ЛИШЕНО ОД СЛОБОДА ЛИЦЕ КОЕ УПРАВУВАЛО ПАТНИЧКО ВОЗИЛО БЕЗ ВОЗАЧКА ДОЗВОЛА
На 14.07.2026 во 00:30 часот во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани го лишија од слобода И.Ц.(23) од кочанско. На ул. „Тодосија Паунов“ во Кочани, полициските службеници сопреле патничко возило „форд“ со велешки регистарски ознаки, кое го управувал И.Ц., при што е констатирано дека возилото го управувал без возачка дозвола. По целосно документирање на случајот…
ДА СЕ ИНТЕРВЕНИРА КАЈ ЈАВНАТА ФОНТАНА ВО ОРИЗАРИ
Наш читател од Оризари до порталот www.komarec.com.mk ни испрати текст со следната содржина“ „Во овие екстремно топли денови, кога постојано се апелира за совесно и одговорно користење на водата, во населба Оризари, кај старото игралиште, сме сведоци на непотребно истекување на големо количество вода од јавната фонтана. Никој не бара фонтаната да биде исклучена. Напротив,…
СЕ ЗАПАЛИ СУВА ТРЕВА И ДИВА ДЕПОНИЈА КАЈ „ДИВИТЕ ГРАДБИ“
Денес Околу 11:00 часот кај „Дивите градби“ или за жителите на Кочани место викано „Антените“ избувна пожар. Како што дознаваме запалена е сува трева а и дивата депонија која ова население со денови ја создава. Пожарот бргу се проширил па според некои медиуми стугнал и до куќите од населбата „Трајаново трло“. Екипи од ТППЕ –…
НЕДОСТАТОК НА ВОДА ЗА ПИЕЊЕ, А ТАА СО ДЕНОВИ ГО РАЗЛАДУВА АСФАЛТОТ
Во овие горештини се почесто го слушаме апелот да се штеди водата бидејќи во некои повисоки зони таа им недостасува на жителите на Кочани. За разлика од тие објави еве најнова дека водата веќе десетина дена го разладува асфалтот на улицава „Димитар Влахов“ спроти блок „А“. Убаво се гледа дека таа си го нашла патот…
ЕКИПАТА НА „АУТО ВЕЛТ“ ПОБЕДНИК НА 24-ТОТО ИЗДАНИЕ НА ПЕТРОВДЕНСКИОТ ФУДБАЛСКИ ТУРНИР
Екипата на „Ауто Велт“ е победник на 24-тото издание на Петровденскиот фудбалски турнир. Во финалето по подобро изведување на пенали тие ја совладаа екипата на „Благица Китчен“ откако во регуларниот дел натпреварот заврши 1:1. Малото финале исто така беше решено по ударите од белата точка Во регуларниот дел натпреварот „Аминта“ – „Европа ’92“ заврши 3:3…
