All Posts By Славчо Ивановски

„БРЕРА“ НЕМОЌНА ПРОТИВ РАЗИГРАНОТО „ОСОГОВО“

Денес во Струмица прволигашот „Брера“ и „Осогово“ го одиграа последниот подготвителен натпревар пред почетокот на пролетниот дел од фудбалското првенство кое започнува следниот викенд. Натпреварот заврши без победник 1:1 (0:1) но играчите на „Осогово“ се тие што треба да жалат зошто не го нокаутираа прволигашот. Гостите од Кочани кон средината на првото полувреме го открија…

ПО ДВАЈЦА СУДИИ И КОНТРОЛОРИ ОД ОФС КОЧАНИ НА ТЕРЕНИТЕ ВО ПРОЛЕТНИОТ ДЕЛ ОД ФУДБАЛСКОТО ПРВЕНСТВО

Двајца фудбалски судии и двајца контролори од ОФС Кочани ќе ја бранат честа на Судискиот актив во пролетниот дел од фудбалската сезона во Прва и Втора фудбалска лига. На семинарот што оваа седмица го организираше Судиската Комисија при ФФМ во Кичево, а на кој се полагаа тестови и физичка подготвеност, Судискиот актив на ОФС Кочани…

УРЕДУВАЊЕ НА ДОПОЛНИТЕЛЕН ПАРКИНГ ПРОСТОР ПРЕД СТАДИОНОТ „НИКОЛА МАНТОВ“

Екипите од секторот Градско зеленило во соработка со Општина Кочани спроведуваат акција за кастрење и сечење на гранки, грмушки и диво израснато зеленило како и расчистување на тротоарите и рабниците околу градскиот стадион. Исто така со сопствена механизација и работна сила се работи на проширување на просторот до градскиот стадион со што ќе се создадат…

МИНИСТЕРОТ ПАНЧЕ ТОШКОВСКИ НА ПОНИКВА ГИ ПОСЕТИ СЕМЕЈСТВАТА НА ЗАГИНАТИТЕ БРАНИТЕЛИ

Денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски беше во посета на зимското одмoралиште на МВР во Пониква каде што во овој период се сместени и престојуваат децата и семејствата на загинатите бранители. Во рамките на оваа посета министерот Тошковски имаше чест да присуствува на заеднички ручек со семејствата на загинатите бранители и во една пријателска…

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ПАПАЗОВ НА СРЕДБА СО ДИРЕКТОРИ НА КОМУНАЛНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА

Денеска во салата за состаноци во Општина Кочани се одржа состанок со градоначалниците и директорите на комуналните претпријатија од општините Кочани, Виница, Зрновци и Чешиново-Облешево во врска со регионалната депонија, односно активност произлезена од Одлуката на Владата за начинот на работа и постапување со постојните локации за отстранување на отпад и определување времени локации за…

ЌЕ ПОЧНЕ ЛИ ОТСТРАНУВАЊЕТО НА НЕПОТРЕБНИТЕ КАБЛИ

Ако не на секој столб, ама на повеќето во градот и околината т.н. „кабел гнезда“ даваат една многу грда слика на градот. Повеќето од тие кабли се вон употреба подолг период а самото нивно оставање и понатака на столбовите е причина да се создаваат голем број на „кабел гнезда“ кои според некои експерти загрозуваат повеќе…

ПРИЈАВИЛ ДЕКА ВО СОПСTВЕНИОТ ДВОР БИЛ ФИЗИЧКИ НАПАДНАТ ОД НЕКОЛКУ ЛИЦА

На 07.02.2024 во 13.00 часот во Полициската станица Кочани, М.Н.(68) од Кочани пријавил дека околу 01.30 часот во неговиот двор бил физички нападнат од неколку лица кои се обиделе да одземат повеќе предмети од помошната просторија. Се работи на расчистување на случајот. Соопштение од СВР  Штип КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ

КОМИСИЈА ЗА ЗДРАВСТВО НА ОО НА СДСМ КОЧАНИ: ВМРО ДПМНЕ ГЛУМИ ЛАЖНА ЗАГРИЖЕНОСТ ЗА ЗДРАВСТВЕНИОТ СИСТЕМ

Цели 11 години ВМРО-ДПМНЕ имаше време да направи многу во здравството, но наместо да го подобри здравствениот систем истиот го користеше за лично богатење. Цели 11 години владееше хаос во здравството, а клиниките се распаѓаа. Лошите политики на ВМРО-ДПМНЕ во здравството резултираа со урнисан здравствен систем, погазени права на пациенти и катастрофално лоши услови за…

МАЛОЛЕТНИЧКАТА КОЈА ИЗБЕГА ОД ЗГРИЖУВАЧКИ ДОМ Е ПРОНАЈДЕНА

На 06.02.2024 во 16.00 часот, полициски службеници од Полициската станица Кочани ја пронашле и на претставници на Центарот за социјални работи Кочани ја предале Ј.А.(12), за која на 05.02.2024 во Полициската станица Кочани социјална работничка пријави дека се оддалечила од домот на нејзиното згрижувачко семејство. Соопштение  на  СВР  Штип КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ …

КОМИСИЈА ЗА ЗДРАВСТВО НА ОК ВМРО ДПМНЕ – КОЧАНИ: КОЧАНСКОТО ЗДРАВСТВО Е УНИШТЕНО

Соопштение Неспособноста на партиските војници кои неколку години го ,,водат” здравството во Кочани доведе до една грда слика и погрешна претстава за здравствените работници кои сакаат да работат и кои со својата стручност и професионалност планираат да ги подобрат состојбите овде, во нашиот град. Според последната ранг листа на можности за здравствена заштита што ја…