All Posts By Славчо Ивановски

„ЛЕТО ВО ДРУШТВО“ – ЗАВРШИ ПРОГРАМАТА ЗА МЛАДИ ВО КОЧАНИ

Со изложба на фотографии од одржаните настани, поставена во Градскиот парк во Кочани, завршија активностите наменети за млади од програмата „Лето во друштво“. „Ниедна помош во овој период нема толку силно значење како што е оваа, од Центарот за психосоцијална и кризна акција „Малинска“, кој претходните две недели им се посвети на младите и на…

НА ПОНИКВА СЕ ОДРЖУВА ЕДУКАТИВЕН КАМП ПО ИНФОРМАТИКА

Во организација на Здружението „Бистри умови“, со поддршка од Здружението на информатичари на Македонија и од Општина Кочани, неделава десетина најдобри и талентирани млади информатичари од Македонија учествуваат на подготвителниот камп за националните информатички тимови. Ментори на најдобрите информатичари од Македонија се професори од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство – ФИНКИ, кои истакнуваат…

И ТРЕБА ЛИ НА МАКЕДОНИЈА КОЧАНИ ДА БИДЕ ДЕЛ ОД ИЗБИРАЧКИОТ ПРОЦЕС?

Почна одбројувањето, до Локалните избори 2025 година остануваат помалку од два месеци а во Кочани двете „најголеми македонски партии“ уште немаат назначено кој ќе трча за нив на овие избори. Свесни дека многу грешки направија во изминатите години и со право се уште се прашуваат дали да исфрлат свој кандидат или пак местото да го…

ТРЕТА ФУДБАЛСКА ЛИГА – ИСТОК СТАРТУВА НА 07 СЕПТЕМВРИ, ПОЗНАТ РАСПОРЕДОТ

Кочани беше домаќин на состанокот на клубовите кои годинава ќе партиципираат во Трета Фудбалска Лига – Исток. Претставниците на клубовите дадоа согласност првенството да стартува на 07 Септември. Воедно беше договорено натпреварите од седмото коло кое според распоредот треба да се одигра на 19 Октомври на денот на Изборите да биде поместено за 23 Октомври….

ПОВРЕДЕН МОТОЦИКЛИСТ ПРИ СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА КАЈ КРУЖЕН ТЕК

На 21.08.2025 околу 15:30 часот во ОВР Кочани било пријавено дека на кружен тек од ул.„Стево Теодосиевски“, ул.„Маршал Тито“, ул.„Глигор Апостоловски-Гочо“ и ул.„Никола Карев“ во Кочани се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел“ со бугарски национални ознаки, управувано од Ј.П.(71) од Кочани и мопед со штипски регистарски ознаки, управуван од Н.П.(20) од Кочани. Во…

ВО САБОТА ЗАПОЧНУВААТ НАТПРЕВАРИТЕ ОД ПРВЕНСТВОТО ВО ВТОРА ФУДБАЛСКА ЛИГА

Утре (Сабота) со почеток во 17:00 часот започнуваат натпреварите од новото првенство во Втора Фудбалска Лига. Уште на самиот старт љубителите на фудбалот во Источниот регион ќе имаат можност да го проследат Регионалниот дерби натпревар „Каменица Саса“ – „Осогово“. Кочанчани најавуваат успешни настапи во првенството, но дали во сабота ќе можат да прекинат една незгодна…

ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА НА ГФК „ОСОГОВО“: СО МАЛКУ ПОГОЛЕМА СРЕЌА МОЖЕМЕ ДА БИДЕМЕ ИЗНЕНАДУВАЊЕ НА ПРВЕНСТВОТО

На два дена до стартот на годинешното првенство во Втора Фудбалска Лига, а со цел да се запознаа јавноста во Кочани, вечерва во подтрибинскиот простор на стадионот „Никола Мантов“ во Кочани ГФК „Осогово“ одржа прес конференција. Најпрвин на присутните им се обрати Ненад Ефтимов – Претседател на УО на КФК „Осогово“. Во своето обраќање тој…

ЦРВЕН КРСТ – АВГУСТОВСКА КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА, СОБРАНИ 32 КРВНИ ЕДИНИЦИ

Во организација на Црвен крст на Р. С. Македонија – Општинска организација Кочани, а во соработка со Институтот за трансфузиона медицина Скопје денеска во просториите на Црвениот крст се одржа редовна августовска крводарителска акција наменета за граѓанството. На акцијата крв даруваа 32 крводарители од кои еден првократен и 8 млади дарители до 30 годишна возраст….

КРСТЕВСКИ: СОСТОЈБАТА СО ГРАДСКАТА ДЕПОНИЈА Е ТРИУМФ ЗА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА ВО РЕГИОНОТ

Вршителот на должноста градоначалник на Општина Кочани Венко Крстевски ја оцени како голема победа за Кочани и Кочанската Котлина состојбата со Градската депонија, која и покрај екстремно високите летни температури летово ниеднаш не се запали. „Депонијата во Кочани која со години ни го труеше воздухот поради лош менаџмент и го загрозуваше нашето загарантирано право на…

ЗАВРШИ РЕХАБИЛИТАЦИЈАТА НА УЛИЦАТА „ЦАР САМОИЛ“ ВО КОЧАНИ

Заврши рехабилитацијата на улицата „Цар Самоил“ во Кочани. Изведувачот на работите „Стоименов“ работеше на потег долг 600 м, со ширина 5 метри. Со рехабилитацијата е опфатен и дел од улицата „Христијан Карпош“. Средствата во износ од 3.558.467 денари се од Буџетот на Општина Кочани. Општина  Кочани КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ …