All Posts By Славчо Ивановски

ДОБРО Е КОГА ЌЕ СЕ СЛУШНЕ ГЛАСОТ НА НАРОДОТ

Граѓаните реагираа, а надлежните во општината го слушнаа нивниот глас и веќе реагираа. Имено детскиот парк кој се реновира а се наоѓа на северниот дел од „Летната сцена“ предизвика неколку реакции кај народот, постари архитекти реагираа со цел да се отстранат недостатоците од кои можеше да се има само штета а никаква корист. Денес првата…

КОГА СЕ САКА, СЕ СЕ МОЖЕ, ЗАВРШЕН УЧИЛИШТНИОТ ПАРКИНГ ПРОСТОР ВО ООУ „НИКОЛА КАРЕВ“

Денес го завршивме и училиштниот паркинг простор, проект кој го работевме во повеќе фази. Благодарност за донацијата на гребаниот асфалт на КЈП „Водовод“ – Кочани, потоа на нашите пријатели за работата со ваљакот и средствата за зацврстување на гребаниот асфалт. Сето ова немаше да биде завршено без вредните раце на нашиот технички персонал при ООУ…

СОВЕТОТ НА ОПШТИНА КОЧАНИ ЈА ОДРЖА 19. СЕДНИЦА

Советот на Општина Кочани ја одржа 19. седница, на која покрај предложениот дневен ред членовите, усвоија заклучок со кој препорачаа мораториум за вработување во КЈП „Водовод“ до 31 декември 2022 година. Со 18 гласа „за“, Советот побара во наредните два месеца одговорните служби да достават план за намалување на бројот на вработени за наредната година,…

УБАВА ЗАВРШНИЦА ЗА ГИМНАСТИЧАРИТЕ НА КГС „КОЧАНИ“ НА ЗАВРШНИОТ ТУРНИР

Во организација на ФГСРМ (Федерација на Гимнастички Спортови на Република Македонија) за време на викендот во Битола се одржа Завршниот натпревар во гимнастика за 2022 година. Во саботата беа натпреварите во машка, а во неделата во женска конкуренција. Гимнастичарите на Кочани со мошне добри резултати ја завршија годината, во женска конкуренција освоија 1 трето место…

ОК НА ВМРО ДПМНЕ – КОЧАНИ, РЕАКЦИЈА НА ПРЕСОТ НА СДС

НЕКОРЕКТНОСТА  НА  ОПОЗИЦИСКИОТ  СДС  ГО  ДОВЕДЕ  ВО  РИЗИК  КОРИСТЕЊЕТО  НА  ГЕОТЕРМАЛНАТА  ВОДА Почитувани, Со неизгласувањето на одлуката за зголемување на цената на геотермалната вода, советничката група на СДС направи невиден преседан во повеќегодишното одлучување во Советот на Општина Кочани. Последиците од ваквото неконструктивно и неодговорно однесување на СДС се КЈП ,,водовод” да нема можност да…

ТРЕТА ФУДБАЛСКА ЛИГА – ИСТОК, ИГРАЧИТЕ НА „ОСОГОВО“ БЕЗ ПОТ И МАКА СЕ ПРОШЕТАА НИЗ КАРБИНЦИ

Се одиграа натпреварите од 8-то коло во Трата Фудбалска Лига – Исток. Лидерот на табелата „Осогово“ иако очекуваше тежок натпревар на жешкиот терен во Карбинци, сепак се чини дека без пот и без мака си се прошетаа со трите бода во џебот. „Жолто-сините“ уште на самиот почеток ставија до знаење кој е кој на теренот…

ВО НЕДЕЛА НАУТРО ЗАПОЧНУВА ЗИМСКОТОТ СМЕТАЊЕ НА ВРЕМЕТО

Во Недела наутро (30 Октомври)  започнува зимското сметање на времето. Жителите на Македонија ќе треба стрелките на часовникот да ги вратат за еден час порано, односно 03:00 часот ќе биде 02:00 часот. Еден час повеќе спиење. С. Ивановски

СМЕТКОВОДИТЕЛИТЕ СО ИНИЦИЈАТИВА ЗА УСОГЛАСУВАЊЕ НА УСЛУГИТЕ СО ИНДЕКСОТ НА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ТРОШОЦИТЕ ЗА ЖИВОТ

Во четвртокот во ресторан „Але-Дар“ во Кочани членовите на Здружението на сметководители на Кочани одржаа состанок на иницијатива на сметководители од сметководствените агенции од Кочани. Прва точка на дневниот ред за која се разговараше на состанокот беа цените за сметководствените услуги. Сметководителите едногласно се сложија дека треба да ги усогласат цените на сметководствените услуги со…

УСПЕШНО РЕАЛИЗИРАНА АКЦИЈАТА ПО ПОВОД СВЕТСКИОТ ДЕН ЗА БОРБА ПРОТИВ МОЗОЧЕН УДАР

По повод Светскиот ден за борба  против мозочен удар, денес пред ИМП (Итна медицинска помош) во Општа болница со проширена дејност – Кочани а под покровителство на Здружението на Невролози на Македонија успешно беше реализирана акцијата во бесплатно мерење на притисок, гликемија како и бесплатни совети. За само два часа колку што траеше акцијата услуги…

СООПШТЕНИЕ НА ОО НА СДСМ КОЧАНИ (29.10.2022)

Почитувани сограѓани, На денешната седница на Совет на општина Кочани не ги поддржавме точките поврзани со КЈП Водовод. Причината е јасна и недвосмислена: не поддржуваме неспособност за менаџирање! Не поддржуваме непрофесионалност и неажурност! Не поддржуваме реализирање на лични интереси на сметка на жителите на општина Кочани! Претставници на ДПМНЕ, нудите “решенија”, а реално – само…