All Posts By Славчо Ивановски

ЦРВЕН КРСТ – АВГУСТОВСКА КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА, СОБРАНИ 32 КРВНИ ЕДИНИЦИ

Во организација на Црвен крст на Р. С. Македонија – Општинска организација Кочани, а во соработка со Институтот за трансфузиона медицина Скопје денеска во просториите на Црвениот крст се одржа редовна августовска крводарителска акција наменета за граѓанството. На акцијата крв даруваа 32 крводарители од кои еден првократен и 8 млади дарители до 30 годишна возраст….

КРСТЕВСКИ: СОСТОЈБАТА СО ГРАДСКАТА ДЕПОНИЈА Е ТРИУМФ ЗА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА ВО РЕГИОНОТ

Вршителот на должноста градоначалник на Општина Кочани Венко Крстевски ја оцени како голема победа за Кочани и Кочанската Котлина состојбата со Градската депонија, која и покрај екстремно високите летни температури летово ниеднаш не се запали. „Депонијата во Кочани која со години ни го труеше воздухот поради лош менаџмент и го загрозуваше нашето загарантирано право на…

ЗАВРШИ РЕХАБИЛИТАЦИЈАТА НА УЛИЦАТА „ЦАР САМОИЛ“ ВО КОЧАНИ

Заврши рехабилитацијата на улицата „Цар Самоил“ во Кочани. Изведувачот на работите „Стоименов“ работеше на потег долг 600 м, со ширина 5 метри. Со рехабилитацијата е опфатен и дел од улицата „Христијан Карпош“. Средствата во износ од 3.558.467 денари се од Буџетот на Општина Кочани. Општина  Кочани КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ …

ВО НЕДЕЛА МЕМОРИЈАЛЕН ПЛАНИНАРСКИ МАРШ „СТАМЕН КАРОВСКИ“ „

В недела,  24 август 2025 година, Планинарскиот спортски клуб „Осогово“ од Кочани, во соработка со Општина Кочани, го организира третиот Меморијален планинарски марш „Стамен Каровски“, во сеќавање на својот починат член, планинар и другар. Учесниците на маршот ќе се искачат на врвот Панаѓур во близина на Пониква, на Осоговските Планини, на 1669 метри надморска висина….

ЛЕТО ВО ДРУШТВО: ЗАБАВА, ЕДУКАЦИЈА, НАТПРЕВАРУВАЊЕ!

Секој може да го пронајде своето место и да го минува летото во друштво… Неделава ја започнавме со музичка работилница, спортски активности со познатите кошаркари Перо Антиќ и Тодор Гечевски и со десеткратниот државен првак во велосипедизам Јоже Јованов. Младите членови на Шаховскиот клуб „Кочани“ имаа можност да се натпреваруваат со најмладиот македонски интернационален мајстор…

НАЈАВА ЗА РЕДОВНА КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА НА ЦРВЕН КРСТ – КОЧАНИ

Црвен крст на Р.С. Македонија – Општинска организација Кочани в четврток, на  21 август 2025 г. ќе ја реализира предвидената редовна крводарителска акција за месец август. Акцијата ќе се спроведе во просториите на Црвениот крст на ул. „Тошо Арсов“ бр. 1 кај Градскиот плоштад од 08:30 до 14 ч. Овој месец акцијата е поместена една…

ВО КОЧАНИ И ВО СЕЛО ГРДОВЦИ ТРИ ЛИЦА ЛИШЕНИ ОД СЛОБОДА, ПРОНАЈДЕНА МАРИХУАНА

На 18.08.2025 во 15:40 часот во Кочани, полициски службеници од СВР Штип – ОВР Кочани го лишиле од слобода Б.Д.(22) од Кочани. На место викано „Индустриска зона“ во Кочани, полициските службеници извршиле преглед кај лицето и во возилото „бмв“ со кочански регистарски ознаки, кое го управувал, при што пронашле и одзеле марихуана, грендер исполнет со…

ДПД „КОЧАНИ“ НА ДВОДНЕВНА ОБУКА ОРГАНИЗИРАНА ОД РУСКИОТ ХУМАНИТАРЕН ЦЕНТАР ВО СРБИЈА

Седумчлена екипа од ДПД Кочани од 15 до 17 август присуствуваше на дводневна обука во организација на Рускиот хуманитрен центар во Србија и ДВД Стефан Синџелич од Ниш. Обуката се состоеше од три дела Прва помош, Спасување на вода и ракување со чамец и скутер на вода и Алпинистичко качување и спуштање со јаже. Голема…

САПОРТ КОЧАНИ ЈА ОБЕЗБЕДИ ТРЕТАТА ДОНАЦИЈА НА КОМПРЕСИВНА ОБЛЕКА

Support Kocani ја обезбеди третата донација на компресивна облека во износ од 2.193.047 денари (35.555 евра). Средствата се обезбедени исклучиво преку донации од граѓани, компании и поддржувачи од земјата и дијаспората. Со ова, вкупната вредност на досегашните три испораки надминува 3,4 милиони денари. Со оваа пратка се опфатени втората тура на нарачки од првите две…

УСПЕШЕН НАСТАП НА ФА „ЉУПЧО САНТОВ“ – ОРИЗАРИ ВО ДОБРИНИШТЕ (РЕПУБЛИКА БУГАРИЈА)

„Добринишко културно лето“ е насловот на манифестацијата што се одржа викендов во Добриниште Р. Бугарија на кој учествуваа членовите од ФА „Љупчо Сантов“ од Оризари. Членови на  големата група од ансамблот задоволни се вратија од успешната турнеја во бугарскиот град каде што се претставија со повеќе ора –  Водарки, Шопчето, На трипати и Крстачка. Концертот…