All Posts By Славчо Ивановски

ГРАЃАНСКА РЕАКЦИЈАА ЗА БУЧАВАТА ПРИ ПРАЗНЕЊЕ НА КОНТЕЈНЕРИТЕ

Жителите на Кочани револтирани од бучавата што се создава при празнење на контејнерите особено во раните утрински часови со писмено обраќање, се со цел да го свртат вниманието на одговорните во КЈП „Водовод“ кои се надеваат дека ќе преземат нешто. „Почитуван уредник на интерет порталот Комарец, повод за да ја напишам оваа порака ми даде…

КОЧАНЧАНЕЦ ТЕШКО ПОВРЕДЕН ОТКАКО БИЛ УДРЕН ОД ТОВАРНО ВОЗИЛО

На 26.09.2022 во 14.34 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека на ул.„Роза Петрова“ во Кочани, товарно возило „цитроен“, со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од Г.А.(30) од Штип, удрило во К.М.(68) од Кочани. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила К.М., констатирани во Општата болница Кочани. Извршен бил увид од увидна екипа од…

КОЧАНСКИТЕ ИЗВИДНИЦИ И ВО МЕСЕЦ СЕПТЕМВРИ СО ПОЛНА ПАРЕА

Септември беше навистина плоден месец кога станува збор за ИО „Ластовица“ од Кочани. Тие и на дело покажаа дека се најактивната и најмасовната организација кога станува збор за младински активизам. Изминатиот викенд беше организирано пешачење до врвот Туртел на планината Плачковица. На хајкот имаше 30 деца и 10 возрасни учесници. Меѓу нив, освен старешините на…

ВО ВОЗИЛО ПРОНАЈДЕНО ОГРЕВНО ДРВО БЕЗ СООДВЕТНА ДОКУМЕНТАЦИЈА

На 26.09.2022 во 20.45 часот на локалниот пат Кочани – с.Полаки, кај место викано „Пресечена скала“, при контрола во патничко моторно возило „форд“, управувано од Д.Т.(36) од Кочани, полициски службеници од Полициската станица Кочани пронашле огревно дрво без соодветна документација. Возилото со дрвата биле предадени на Шумска полиција за понатамошна постапка. По целосно документирање на…

ПЛАНИРАНИ ПРРЕКИНИ СО ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА ЗА 28.09.2022 ГОДИНА (СРЕДА)

За Среда (28.09.2022 година) во Општина Кочани прекини во снабдувањето со електрична енергија  во периодот од: 09:00 – 13:00 часот ќе имаат: улицата  „Искра“ во населбата „Усова чешма“..

ВО БИБЛИОТЕКА „ИСКРА“ ОДБЕЛЕЖАН „ЕВРОПСКИОТ ДЕН НА ЈАЗИЦИТЕ“

Под мотото  „Нов научен јазик – нова визија за животот“ вечерва во просториите на ЈОУ Библиотека „Искра“ во Кочани беше одбележан 26. Септември, Европскиот ден на јазиците. Гости на настанот беа Јалчн Неџипов – дипломиран правник, национален лидер на движењето „Аваја“ и Серџе Мемедова – студент на правен факултет, член на движењето „Аваја“. При своето…

ОДБЕЛЕЖАН ЕВРОПСКИОТ ДЕН НА ЈАЗИЦИТЕ ВО ООУ „НИКОЛА КАРЕВ“

Учениците од  ООУ „Никола Карев“ во соработка со ЈЦ (Јазичен Центар) „Амичи“ од Кочани со пригодна програма го одбележаа денешниот ден 26. Септември „Европскиот ден на јазиците“ кој годинава се реализираше под мотото „јазикот – мост кој поврзува“. Рецитали од различните јазици застапени во Европа и испишаните пораки на различни јазици беа дел од програмата….

ПОДЕЛЕНИ УЧИЛИШНИ ПАКЕТИ ЗА УЧЕНИЦИ ЧИИ СЕМЕЈСТВА СЕ КОРИСНИЦИ НА СОЦИЈАЛНА ПОМОШ

Во согласност со Програмата за социјална, детска и здравствена заштита и Програмата за поддршка во образованието, Општина Кочани обезбеди 164 училишни пакети за учениците од 1 до 9 одделение чии родители се приматели на социјална помош. Обезбедените училишни пакети се составени од училишен прибор и ранци. Денеска градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов ги подели…

ВО ПЕТОК, САМОСТОЈНА ИЗЛОЖБА НА НАДА ЅМБОВА ДОНЕВА „ВЕРА, НАДЕЖ, ЉУБОВ“

На 30 септември (петок) ќе се одржи втората самостојна изложба на ликовниот уметник Нада Ѕмбова Донева –  „Вера, Надеж, Љубов“. Изложбата ќе се одржи во НУЦК „Бели Мугри“ во Кочани со почеток во 19:30 часот, фоаје 2. Изложбата е дел од годишната на програма на НУЦК „Бели мугри“ финансирана од Министретсвото за култура. Делата се…

УЧЕНИЦИТЕ ОД ОРИЗАРИ СЕ ВКЛУЧИЈА ВО ОДБЕЛЕЖУВАЊЕТО НА ЕВРОПСКАТА НЕДЕЛА НА МОБИЛНОСТ

Во рамките на кампањата на Општина Кочани за зајакнување на сообраќајната култура, деновиве општинските служби за сообраќај во соработка со Одделението за внатрешни работи – Кочани и со претставници од Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот  реализираа активности за едукација и информирање на учесниците во сообраќајот. На Меѓународниот ден без автомобили беа дистрибуирани летоци со…