All Posts By Славчо Ивановски

В.Д. ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА КОЧАНИ ВЕНКО КРСТЕВСКИ ОБЈАВИ ОТЧЕТ ЗА СРАБОТЕНОТО

Венко Крстевски објави отчет за стоте дена работа како вршител на должноста градоначалник на Општина Кочани. Во воведот, обраќајќи им се на своите сограѓани, тој потенцира дека првите 100 дена од мандатот како в. д. градоначалник покажуваат дека Кочани може и мора да оди напред. – Обезбедивме над 487 милиони денари за проекти, некои веќе…

ВЕЧЕРВА ВО КОЧАНИ ОТВОРЕН ЦЕНТАР ЗА СОЛИДАРНОСТ „САКАМ ЖИВОТ ВО КОЧАНИ“

Вечерва во Кочани на улицата „Маршал Тито“ спроти главниот влез на „Мултикултурниот Центар“ беше отворен Центар за солидарност под мотото „Сакам живот во Кочани“ чиј носител е Здружението на граѓани „Воскресение 2017“ од Кочани. На свеченото отворање на кое присуствуваа гости од Кочани и од другите општини, за самото отворање на центарот и за неговото…

НА ЕЗЕРОТО „ГРАТЧЕ“ УЛОВЕНА РИБА, КАПИТАЛЕЦ ТЕЖОК 51,60 КИЛОГРАМИ

Во текот на вчерашниот ден на вештачкото езеро „Гратче“ кај Кочани уловен е капиталец тежок 51,60 килограми што е досега најголема уловена риба во водите на ова езеро. Јорданчо Минов и Кристијан Јангелов на блинкер уловиле капиталец од сортата Тостолоб или попознат како „чистач“ кој е од родот тревопасни риби, односно се храни со тревата…

ЕКИПАТА НА „СОКОЛАРЦИ“ ПОБЕДНИК НА ГОДИНЕШНИТЕ „ИЛИНДЕНСКИ СПОРТСКИ ИГРИ“

Со натпреварот „Соколарци“ – „Облешево“ денес на најголемиот Македонски празник Илинден се спушти завесата на 53.издание на „Илинденските Спортски Игри“ – Чешиново 2025. Екипата на „Соколарци“ е годинешниот победник откако во финалето по подоброто изведување на пенали ја совладаа мошне добрата екипа на „Облешево“ со 5:4,  натпреварот во регуларниот дел заврши без голови. Победникот заработи…

ОО НА СДСМ – КОЧАНИ, ЧЕСТИТ ИЛИНДЕН

Почитувани сограѓани, На овој свет ден, оддаваме почит кон двата Илиндена, коишто спојуваат два суштински момента од историјата на македонскиот народ. Илинден 1903 – симбол на жртва, нескршлив слободарски дух, на хероите од Крушевската Република и асномскиот – Илинден 1944, кој ги постави темелите на модерната македонска државност, прогласувајќи го нашето право на слобода, идентитет…

ОК НА ВМРО ДПМНЕ – КОЧАНИ, ЧЕСТИТКА ПО ПОВОД 2. АВГУСТ – ДЕНОТ НА РЕПУБЛИКАТА (ИЛИНДЕН)

Почитувани граѓани, ОК на ВМРО-ДПМНЕ – Кочани, упатува искрени честитки по повод големиот државен празник 2 Август – Илинден, симбол на македонската борба за слобода, државност и национално единство. Илинден 1903 и Илинден 1944 се темелите врз кои е изградена македонската држава – борбата на илинденците и асномците нè обврзува никогаш да не отстапиме од…

ОПШТИНСКИ ДЕЛЕГАЦИИ ПОЛОЖИЈА СВЕЖО ЦВЕЌЕ ПО ПОВОД ИЛИНДЕН

По повод големиот национален празник Илинден, в. д. градоначалникот на Општина Кочани Венко Крстевски, со членови од Советот на Општината и делегации од Сојузот на Здружението на борците од НОВ и од локални ограноци на политички партии положија свежо цвеќе на Споменикот на слободата, споменикот на Никола Карев и на бистите на Љупчо Сантов и…

ИЗГРАДБА НА ВОДОВОД НА УЛИЦАТА „563“ ВО КОЧАНИ

В. д. градоначалникот на Општина Кочани Венко Крстевски го потпиша договорот со Министерството за животна средина и просторно планирање за реализација и на проектот Изградба на водовод на улицата „563“ во Кочани. За изградба на водоводот на улицата „563“, Министерството, преку Програмата за инвестирање во животната средина, го додели побараниот износ од 2.453.810 денари, со…

„ИЛИНДЕНСКИ СПОРТСКИ ИГРИ 2025“, „СОКОЛАРЦИ“ МУ ЗАКАЖА ФИНАЛЕ НА „ОБЛЕШЕВО“

Со денешната победа од 2:0 во вториот полуфинален натпревар над екипата на „Долни Подлог“, фудбалерите на „Соколарци“ закажаа финале против екипата на „Облешево“. Натпреварот традиционално ќе се одигра на најголемиот Македонски празник „Илинден“ со почеток во 17:30 часот, со што ќе биде спуштена завесата на годинешното 53-то издание на традиционалниот фудбалски турнир „Илинденски Спортски Игри“….

ШВАЈЦАРСКА ПОДДРШКА ПРЕКУ ПРОЕКТОТ „ОТВОРЕНИ И ЕФИКАСНИ КОМУНАЛНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА“

Општина Кочани и КЈП „Водовод“ добиваат швајцарска поддршка преку проектот „Отпорни и ефикасни комунални претпријатија“ В. д. градоначалникот на Општина Кочани Венко Крстевски го потпиша договорот за техничка и финансиска поддршка во рамки на проектот „Отпорни и ефикасни комунални претпријатија во Северна Македонија“, кој се реализира во соработка на Владата на РС Македонија, застапувана од…