All Posts By Славчо Ивановски

ПЕТРОВДЕНСКИОТ ТУРНИР ВО МАЛ ФУДБАЛ – КОЧАНИ 2025 ЗА ЕКИПАТА НА „АЛЕ-ДАР“

Екипата на „Але-дар“ е победник на овогодишниот Петровденски турнир во мал фудбал. На теренот на СРЦ „Бавчалук“, во финалето „Але-дар“ ја совлада екипата на „Исток турс Цуфле“ со резултат 7 : 3. Третото место го освои тимот на „Денка транспорт“. Најуспешните екипи добија ваучери од 60, 30 и 15 илјади денари. За најдобар играч на…

ЦРНА ХРОНИКА: СООБРАЌАЈКА, ФИЗИЧКИ НАПАД И НАРУШУВАЊЕ НА ЈАВЕН РЕД И МИР

На 11.07.2025 во 15.07 часот во ОВР Кочани е пријавено дека на улицата „Кеј на Револуција“ во Кочани, патничко возило „тојота“ со кочански регистарски ознаки, управувано од В.А.(61) од Кочани удрило во пешакот У.С.(48) од нас.Оризари, кочанско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила У.С., констатирани во Општата болница Кочани. Извршен е увид од…

КОМЕМОРАЦИЈА ЗА ЗАГИНАТИТЕ ВО ПОЖАРОТ ВО „ПУЛС“

В сабота, 12 јули, со почеток во 16:30 ч., во салата на Центарот за култура „Бели мугри“ во Кочани ќе се одржи комеморација за загинатите во пожарот во „Пулс“ во Кочани. На настанот што го организира Општина Кочани со поддршка од Општинската организација на Црвен крст – Кочани, ќе им биде оддадена почит на загинатите…

ПЕТРОВДЕНСКА ЛИТИЈА

Во пресрет на Петровден, по вечерната празнична богослужба во црквата „Св. великомаченик Георгиј“, на која чиноначалствувaше митрополитот Брегалнички г. Иларион, беше организирана литија до Градскиот парк, која заврши со осветување и кршење на празничниот колач. Упатените молитви за здравје и благосостојба беа придружени и со молитви за загинатите во пожарот во „Пулс“. „Тие денеска од…

ДУХОВНА АКАДЕМИЈА ПО ПОВОД ПЕТРОВДЕН

По повод Петровден, во дворот на црковниот храм „Свети великомаченик Георгиј“ се одржа Духовна академија посветена на светиот апостол Петар, патронот на Кочани. Духовната академија започна со палење на 63 свеќи во чест на загинатите млади во пожарот на 16 март оваа година во Кочани, а митрополитот Брегалнички г. Иларион со свештенослужители одржа панихида за…

ОТКАЖАНИ ДЕНЕШНИТЕ И УТРЕШНИТЕ МУЗИЧКИ НАСТАНИ КАКО ДЕЛ ОД ПЕТРОВДЕНСКАТА ПРОГРАМА

Почитувани сограѓани, Животот продолжува, но трагедијата во дискотеката „Пулс“ нè остави во заложништво на болката, особено за родителите кои живеат со страв и загуба. Откажувањето на музичкиот дел од денешниот и утрешниот настан не требаше да се случи – не затоа што не ја почитуваме тагата, туку затоа што наша обврска е да се грижиме…

ДОДЕЛЕНИ НАГРАДИТЕ НА НАЈУСПЕШНИТЕ УЧЕНИЦИ И ШКОЛСКИ ЕКИПИ

По повод Петровден, празникот на Кочани, в. д. градоначалникот на Општина Кочани Венко Крстевски ги награди првенците на генерацијата и најуспешните екипи и ученици од основните и средните општински училишта од Кочани. Првенците на генерацијата: Надалина Грозданова (СОУ „Љупчо Сантов“), Драган Хаџи Василев (СОУ „Гошо Викентиев“), Матеа Глигорова (ОУ „Св. Кирил и Методиј“), Ели Глигоровска…

УТРЕ (САБОТА) АВИОНСКО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО КОЧАНИ

Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести, за спроведување превентивна систематска дезинсекција на територијата на Општина Кочани, како општа противепидемиска мерка, в сабота наутро, на 12 јули 2025 г., од 4 до 11 часот, стручни екипи ќе ја спроведат првата фаза од авионското третирање против комарци во Кочанско. Прскањето против комарци ќе се…

ОТВОРЕНА ИЗЛОЖБАТА „ИКОНОПИСОТ ВО КОЧАНИ“

Во пресрет  на  празнувањето на Петровден, празникот на Кочани, синоќа во „Фоаје 2“ при Национална установа ЦК „Бели Мугри“ во Кочани беше отворена изложбата „Иконописот во Кочани“. Изложбата е посветена на градот Кочани по повод празникот на Светите Апостоли Петар и Павле, а една од иконите како што беше нагласено ќе биде подарена на храмот…

ЗАПОЧНУВА ОДБЕЛЕЖУВАЊЕТО НА ПЕТРОВДЕН

Со празничната вечерна богослужба во црковниот храм „Св. вмч. Георгиј“ во Кочани,  од денеска (11 јули 2025 г.) започнуваат содржините од годинашново одбележување на Петровден, Празникот на градот Кочани. Литургијата, на која ќе чиноначалствува Неговото високопреосвештенство митрополитот Брегалнички Иларион, започнува во 17 ч. По неа, во 18:15 ч. ќе има литија на релацијата од кочанскиот…