ВЕНКО КРСТЕВСКИ ИЗБРАН ЗА В.Д. ГРАДОНАЧАЛНИК НА ОПШТИНА КОЧАНИ
На 62. седница на Советот на Општина Кочани со 9 гласови ЗА и 1 воздржан Венко Крстевски во вториот круг беше избран за в.д. Градоначалник на Општина Кочани. Инаку на 62.седница на Советот на Општина Кочани советниците дебатираа по една точка а тоа беше избор на в.д. Градоначалник на Општина Кочани. Двајца советници ја истакнаа…
ВТОРА ФУДБАЛСКА ЛИГА ЗА ЖЕНИ, ВО ПОСЛЕДНИТЕ ДВЕ КОЛА СЕ РЕШАВА ШАМПИОНАТОТ
До крајот на првенството во Втора Фудбалска Лига за жени остануваат да се одиграат уште две кола по кои ќе биде познато која екипа директно влегува во Првата Фудбалска Лига за жени, а која ќе игра бараж. Со головите на Стојановска во 8’, Салихи во 32’36’51’ и Веселинова 57’ лидерот на табелата „Кочани“ без поголеми…
УСПЕШЕН НАСТАП НА КАРАТЕ КЛУБ „КОЧАНИ“ НА МЕЃУНАРОДНИОТ ТУРНИР „ОЛИМПИК ОПЕН“
Во организација на Карате Федерацијата на Македонија во саботата се одржа традиционалниот Меѓународен карате турнир „Очимпик Опен 2025“. На еден од најголемите карате турнири што се организира во Македонија годинава учествуваа повеќе од илјада натпреварувачи од повеќе земји. Карате Клуб „Кочани“ учествуваше со 20 натпреварувачи кои освоија вкупно 23 медали“. Во категоријата „Кати“ освоени се…
ВТОРА ФУДБАЛСКА ЛИГА, ВО КОЧАНИ МРЕЖИТЕ МИРУВАА
Во рамките на 24-тото коло од Втората Фудбалска Лига во Кочани „Осогово“ и „Беласица“ одиграа слаб и здодевен натпревар. Ако во првото полувреме нешто и се случуваше особено пред голот на гостите, во вториот дел гледачите не видоа речиси ништо, двете екипи упатија само по еден директен удар кон противничките голмани. „Осогово“ овој значаен натпревар…
МВР ПОДНЕСЕ КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА 19 ЛИЦА ЗА ТЕШКИ ДЕЛА ПРОТИВ ОПШТАТА СИГУРНОСТ
МВР во координација со Основното јавно обвинителство Кочани денеска ја проширија истрагата во врска со пожарот во кочанската дискотека на нови 19 лица. Сите тие се осомничени за Тешки дела против општата сигурност од член 292 во врска со член 288 од Кривичниот законик. Станува збор за службени лица, кои во периодот од 2012 година…
СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА, ПАТНИЧКО ВОЗИЛО УДРИЛО ВО ДВАЈЦА ПЕШАЦИ
На 11.04.2025 година во 07.34 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека на улицата „Стево Теодосиевски“ во Кочани, патничко возило „Мерцедес“ со кочански регистарски ознаки, управувано од Н.К.(29) удрило во двајца пешаци – С.М.(64) и едно 8-годишно дете, исто така од Кочани. Притоа во несреќата С.М. се здобила со тешки телесни повреди констатирани во…
ПЕТ МЕДАЛИ ЗА БОРАЧИТЕ НА „СПАРТАК“ НА „ДРЖАВНОТО ПРВЕНСТВО ЗА КАДЕТИ У-17, ДАРИЈАН ПАВЛЕВ ДРЖАВЕН ПРВАК“
Во организација на Боречката федерација на македонија а со техничка организација на БК „Балканец“ – Штип, денес во „градот под Исарот“ се одржа „Државното првенство во борење слободен стил за кадети и борење на жени У-17“. Борачите на „Спартак“ на првенството учествуваа со 10 борачи кои по завршувањето на натпреварите освоија 1 златен и 4…
ВЕНКО КРСТЕВСКИ ЈА ДОСТАВИ КАНДИДАТУРАТА ЗА В.Д. ГРАДОНАЧАЛНИК НА ОПШТИНА КОЧАНИ
Почитувани, како член на Совет на Општина Кочани ви доставувам предлог за кандидат за В.Д. Градоначалник на Општина Кочани преку самокандидатура и затоа барам точката на Дневен ред на седницата на Совет да биде изменета и дополнета: Предлог – за избор на Венко Крстевски за вршител на должноста Градоначалник на Општина Кочани Барам точката да биде…
СУДИСКИОТ АКТИВ ПРИ ОФС КОЧАНИ СО ШЕСТ НОВИ МЛАДИ СУДИИ МЕЃУ КОИ И ЕДНА ДЕВОЈКА
Денес во просториите на ОФС – Кочани, Судискиот актив при ОФС – Кочани го одржа својот редовен состанок на кој присутните дебатираа по неколку точки. -Најпрвин беше направена анализа на досегашниот дел од пролетната сезона на која судеа и беа делегирани службени лица од Општинскиот Фудбалски Сојуз – Кочани. -Постигнат е договор во секој од…
ВЕНКО КРСТЕВСКИ: КАНДИДАТУРА ЗА В.Д. ГРАДОНАЧАЛНИК НА ОПШТИНА КОЧАНИ
Оваа недела стана јасно дека советниците на власта со максимални напори се трудат да го избегнат изборот на В.Д. Градоначалник во Кочани. Дали се неспособни, плашливи, партиски послушници, оценете вие сами. Јас, Венко Крстевски, како советник имам над 1000 дискусии, над 200 советнички прашања, многу младински иницијативи, над 50 предлози (дел од нив се прифатени/реализирани)….